Жител на Јегуновце пријавен за узурпација на државно земјиште

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (43) од село Јегуновце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Според информациите, на 3 јули 2025 година, пријавениот самоволно заградил површина од 3.650 метри квадратни земјиште во државна сопственост, без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган.

Полицијата го документирала случајот, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Надлежните институции преземаат мерки за враќање на земјиштето во државна надлежност.