На 18/19.07.2025 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.П.(38), Т.Д.(20), Ј.Р.(23) сите од Скопје, Т.А.(25) од Р.Турција и С.О.(32) од Битола затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
