Connect with us

Македонија

Соопштение од НА: Индиции за злоупотреби во Националната агенција – отворена истрага и информирани ЕУ и Обвинителството

Сериозни индиции за незаконско работење на вработени во Националната агенција

Во врска со новинарските објави и јавниот интерес за прашањето на евентуални злоупотреби поврзани со програмите финансирани од Европската Унија, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја информира јавноста за следното:

Постапувајќи согласно своите надлежности, по споделена информација со Европската комисија, изврши вонредна проверка (ECHE Check) на исполнувањето на условите за користење на статусот „Erasmus Charter for Higher Education“ (ECHE) од страна на приватна високообразовна институција Меѓународен универзитет во Струга, поради основани сомнежи за евентуални неправилности во примената на принципите и критериумите на Еразмус+ програмата, а овозможени од внатрешно вработени лица во Агенцијата. За некои од нив, ЕУ веќе констатирала “фамилизација” со корисници во делот на високото образование.

Дополнително, во координација со релевантните национални тела, времено е одложена евалуацијата во рамки на Евалуационата комисија за високо образование, сè до добивање на официјален став од Европската комисија по однос на акредитацискиот статус на споменатото приватно правно лице, и покрај притисоците од некои вработени, да се продолжи со доделување на средства за предметниот Универзитет од Струга.

По спроведена контрола и анализа на доставената документација, утврдени се сериозни наоди кои укажуваат на системски пропусти и потенцијални злоупотреби од финансиска и процесна природа, спротивни на ЕУ регулативите и националните закони. Овие дејствија, според првичните наоди, би биле невозможни без внатрешна поддршка од овластени вработени лица во самата Национална агенција. Поради тоа, отворена е внатрешна истрага за евентуална соработка со надворешни корисници од страна на поединци во институцијата.

Како резултат на сериозноста на наодите, Националната агенција официјално ја извести Европската комисија, Канцеларијата за борба против измами (OLAF) во Брисел, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Министерството за образование и наука.

Националната агенција останува доследна во заложбите за заштита на угледот и интегритетот на европските образовни програми, како и на транспарентно и законито користење на средствата на Европската Унија. Во таа насока, сите постапки се водат професионално, непристрасно и во соработка со партнерските институции, како на национално, така и на европско ниво.

Скопје, 19 јули 2025
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Advertisement

Македонија

Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката во образованието и науката со нов договор

makedonija turcija

Македонија и Турција отвораат ново поглавје во билатералната соработка во образованието, науката, технологијата и иновациите. Министрите за образование и наука, Весна Јаневска и Јусуф Текин, потпишаа договор со кој се зајакнува партнерството меѓу двете земји и се создава основа за интензивна размена на знаење, искуства и кадар.

Со договорот се предвидува размена на информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на мобилноста на академици, образовни експерти, наставници и средношколци. Посебен акцент е ставен на средното, особено стручното образование, обуката и квалификациите на наставниот кадар, доживотното учење и реализацијата на заеднички образовни проекти.

Двете држави ќе разменуваат искуства и во примената на нови образовни технологии, како и во подготовката и унапредувањето на наставните планови и програми. Учениците ќе добијат можност да учествуваат на научни и културни натпревари што се организираат во Македонија и Турција, а ќе се поттикнува и развојот на заеднички образовни програми и збратимување на училишта.

Како дел од договорената соработка, во двете земји ќе се воведат изборни предмети „Јазикот и културата на Турците“, односно „Јазикот и културата на Македонците“, а предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци.

За ефикасна примена на договорот ќе биде формирана заедничка работна група, која ќе го следи и координира спроведувањето на договорените активности.

Continue Reading

Македонија

Неработни денови и продолжени викенди во јануари 2026

Празничната атмосфера продолжува и во првиот месец од новата година, а јануари носи неколку неработни денови кои овозможуваат подолг одмор и полесно планирање на работните обврски.

Новата година започнува со 1 јануари, кој е неработен ден и паѓа во четврток. Веќе во петок, на 2 јануари, следи кратко враќање на работа, по што доаѓа викенд пауза. Понеделник, 5 јануари, е работен ден, а потоа следуваат 6 и 7 јануари, кога се празнуваат Бадник и Божиќ, кои се неработни денови. На работа повторно се враќа на 8 јануари.

Јануари не завршува тука со празниците. На 19 јануари, понеделник, се празнува Богојавление – Водици, кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Дополнително, за припадниците на српската заедница, неработен ден е и 27 јануари, кога се одбележува празникот Свети Сава.

Со ваквиот распоред, јануари нуди неколку можности за продолжени викенди и кратки одмори, што многумина веќе ги користат за планирање на слободното време.

Continue Reading

Македонија

Николоски најави иновативни инженерски решенија за автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на 14 ќе се врши стабилизација со таканаречени галерии – метод што досега не е применет ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.

Според Николоски, ваквиот пристап ќе обезбеди долгорочна безбедност и стабилност на трасата, ќе ги намали ризиците од одрони и ќе овозможи конечно завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Проектот, како што нагласи, ќе придонесе за побрзо и побезбедно поврзување на југозападниот дел од државата и за зголемен економски и туристички развој.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг