Connect with us

Црна Хроника

Обвинение за тежок криминал на Онкологија: Директори и лекари пред суд за злоупотреби вредни 36 милиони евра

Кривичниот суд во Скопје го прифати обвинителниот акт против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, кои се товарат за сериозни злоупотреби, измама и проневера во службата во периодот од 2018 до 2022 година. Според обвинението, со незаконски набавки и фиктивни тендери за лекови ја оштетиле државата за речиси 36 милиони евра.

Обвинителството наведува дека двајцата директори ги пречекориле своите службени овластувања, дејствувале спротивно на законите за здравство, буџети и јавни набавки, и создале противправни обврски кои биле покривани преку условени буџети од Фондот за здравствено осигурување. Во рамки на набавките на биолошки и таргет-терапии, лекови се испорачувале на реверс, а потоа пост-фактум се спроведувале тендери за нивно „легализирање“.

Покрај тоа, Васев и Нухи се обвинети и за проневера – дел од набавените лекови биле фиктивно раздолжувани, односно не им биле аплицирани на пациентите, што резултирало со разлика во евиденцијата и директна присвојување на терапија во вредност од околу 2 милиони денари. Во девет случаи е утврдено дека се раздолжувале лекови за пациенти кои никогаш не ги добиле.

Дополнително, обвинителството тврди дека со манипулирање со залихи и евиденции, Васев присвоил лекови во вредност од најмалку 13 милиони денари, меѓу кои Херцептин, Авастин, Ербитукс и други високоценети онколошки терапии.

Во посебно обвинение, Васев е обвинет и за тешки дела против здравјето на луѓето, заедно со тројца лекари. Кај 29 пациенти била применета неподобна или погрешно дозирана терапија, спротивна на медицинските протоколи, што ја влошило нивната здравствена состојба. Некои терапии биле одобрени само со факсимил и лозинка, без вистинска стручна проверка.

Судењето за предметот „Онкологија“ беше закажано за 11 јули, но е одложено за 5 септември поради отсуство на обвинетата Мери Пешевска. На обвинителната клупа досега седнаа Никола Васев и двајца онколози, Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски.

Обвинителството најавува дека случајот ќе биде преседан за одговорност во здравствениот систем.

Advertisement

Црна Хроника

Нападнал полицаец по сообраќајна контрола – МВР со детали

Полицијата уапси возач во Велес, управувал возило под дејство на алкохол, а потоа нападнал полициски службеник.

– На 20.12.2025 во 02:10 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Н.(49) од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник, информираа од полицијата. 

Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. 

Continue Reading

Црна Хроника

Хорор во Тетово – Возач удрил во полициски службеник и избегал

На 19.12.2025 година во 12:50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(28) од с.Порој, затоа што кај кружниот тек од ул.,,Илинденска” со ул.,,Маршал Тито” во Тетово со патничко моторно возило ,,ауди” со тетовски регистерски таблици, не застанал на даден знак и со возилото удрил во полициски службеник, по што и избегал од местото на настанот. По преземени мерки, тој е пронајдени лишен од слобода, а на полицискиот службеник му се констатирани телесни повреди во Клиничка болница Тетово. По документирање на случајот против Е.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading

Црна Хроника

ВИДЕО: Сообраќајка меѓу патничко возило и возило на Брза помош во Тетово

Сообраќајна несреќа меѓу патничко возило и возило на Итна медицинска помош се случи денеска во Тетово. Според првичните информации, во незгодата е причинета материјална штета, а засега нема официјални податоци за потешко повредени лица.

Во текот на денот се очекуваат повеќе инфомации од СВР Тетово

Водеото може да го погледнете на Glas.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг