Connect with us

Балкан

Словенија погодена од силна бура: Ветер кршел дрвја, 6.000 домаќинства без струја

Силна бура проследена со обилни врнежи од дожд, бурен ветер и град го погоди западниот дел на Словенија, движeјќи се кон источниот дел од земјата. Веќе се пријавени значителни штети, а повеќе од 6.000 корисници на „Електро Љубљана“ останаа без електрична енергија.

Агенцијата за животна средина издаде портокалово метео-предупредување за поголемиот дел од земјата, предупредувајќи на опасни временски услови. Најсилно погодени беа Бовец и Кобарид, каде бурата попладнево предизвика штети на имоти и инфраструктура. Бурата потоа се прошири кон Крањ, Камник и главниот град Љубљана.

Во Љубљана, краткотраен пороен дожд и силни ветрови оштетија комерцијални објекти и кршеа гранки и дрвја. Паднати дрвја го отежнаа сообраќајот на автопатите кон Долењска и Приморска, како и на јужната и западната обиколница на градот. Надлежните повикаа на внимателно возење и прилагодување кон временските услови.

Бурниот систем продолжува да се движи кон областа Штаерска, но според метеоролозите, се очекува негово слабеење во текот на вечерта. Според прогнозите, стабилизација на времето се очекува по 21 часот.

Advertisement

Балкан

Вучиќ: Белград e под притисок од сите страни, без вистинска поддршка од светските сили

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија формално останува на европскиот пат, но во практика нема поддршка од ниту една голема сила – ниту од Истокот, ниту од Европската Унија, ниту од Соединетите Американски Држави.

Говорејќи на годишната конференција со претставниците на дипломатско-конзуларната мрежа, Вучиќ оцени дека Србија не го почувствувала очекуваниот напредок во односите со САД, ниту во делот на царините, ниту во врска со санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост.

Тој истакна дека кога Србија се соочувала со тешкотии, ниту една од големите сили не застанала отворено зад Белград, туку, како што рече, сите поставувале дополнителни барања и вршеле притисок, без да понудат конкретна поддршка.

Вучиќ потсети и на неусешниот обид за приближување кон новата американска администрација, кога српската делегација не учествуваше на планиран настан во Флорида. Воедно, тој повтори дека Србија не се откажува од ставот дека Косово и Метохија се составен дел од државата и нагласи дека, според него, меѓународните договори што се однесуваат на ова прашање не се почитуваат.

Continue Reading

Балкан

Инцидент во Лерин: Македонска песна забранета на празнична прослава

За време на празничната прослава на Коледе во Лерин (Флорина), настап на македонската народна песна „Софка на татко“ беше прекинат по интервенција на градоначалникот Василеос Гианакис. Музичкиот бенд „Ендопика“ бил укажан дека не смее да пее на македонски јазик и дека песната може да се изведе исклучиво во инструментална форма.

Според активистот Павле Васкопулос, ваквите случаи на притисок и дискриминација не се новина за Македонците во Леринско, Костурско и Воденско. Тој истакна дека граѓаните кои јавно зборувале за своите права често биле етикетирани како „скопски агенти“. Телевизија 24 побара став од Општина Лерин, но до објавувањето на прилогот одговор не е добиен.

Црлиот текст може да го прочитате на Телевизија 24

Continue Reading

Балкан

Снежно невреме го зафати регионот

Обилни снежни врнежи денес ја зафатија територијата на општина Кладово, а сите расположиви екипи се на терен и работат на расчистување на патиштата.

Градоначалникот Саша Николиќ ја посети локацијата заедно со дежурните служби за да се увери дека активностите се одвиваат според планот. „Сите надлежни служби, како и расположивата механизација, се на терен. Моментално се работи на расчистување на патот во населбата Пропажешќе, како и на патниот правец до Петрово Село“, изјави Николиќ за РИНА.

Тој апелираше до возачите да ја прилагодат брзината и вниманието на условите на патот и да ги следат препораките на надлежните служби. „Ги молам граѓаните да бидат дополнително внимателни во сообраќајот“, нагласи градоначалникот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг