Connect with us

Економија

Македонците вложиле над 50 милиони евра во грчки недвижности – интересот постојано расте

Во последните пет години, македонските граѓани и компании вложиле над 50 милиони евра во купување станови и други недвижности во Грција, покажуваат податоците на Банката на Грција. Само во текот на 2024 година, инвестициите достигнале 19 милиони евра, што е тројно повеќе од 2021 година, кога биле инвестирани 7 милиони евра.

Во 2020 година македонските инвестиции во грчки недвижности изнесувале само 2 милиони евра, но интересот кон нашиот јужен сосед континуирано расте. Според најновите податоци, Македонија се наоѓа на 25-то место во светот според вложувања во недвижности во Грција.

Најчесто, македонските купувачи бараат апартмани со површина од околу 50 квадратни метри, главно во туристички атрактивни места. Дел од овие вложувања, неофицијално, не се евидентираат како директни македонски инвестиции, бидејќи купувачите користат ЕУ пасоши – најчесто бугарски – или инвестираат преку офшор компании регистрирани во даночни раеви.

Од регионот, најмногу недвижности во Грција купуваат бугарски државјани, додека од поширокиот европски простор предничат Кипраните и Турците. Грчкиот пазар на недвижности продолжува да биде атрактивен поради ниските даноци за странски купувачи, добрата клима и близината до балканските земји.

Advertisement

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading

Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18% во однос на одлуката од 19.12.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,028 ден/кг и сега ќе изнесува 32,607 ден/кг.

Од 23.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,607 (денари/килограм)

Continue Reading

Економија

МБИ10 во пораст од 0,23%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

 

На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени . Вкупниот дневен промет на берзата изнесуваше 90,79 милиони денари, со доминантно учество на Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист, кои го водеа тргувањето и го зголемија вкупниот обем на пазарот во однос на претходниот ден.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 4.949.390 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 4.914.120 денари

● Македонијатурист АД Скопје (MTUR) – 77.490.000 денари (блок-зделка)

Топ добитници

● АЛТА Банка АД Битола (ALTA) +2,78%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,07%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,28%

Топ губитници

● Макпетрол АД Скопје (MPT) –0,69%

Обврзнички пазар

Во текот на сесијата не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Цените на државните обврзници од сериите Денационализација 15–23 останаа непроменети, а индексот ОМБ се задржа на 129,44 поени.

Тргувањето на Македонската берза на 22 декември 2025 година се карактеризираше со висок вкупен промет од 90,79 милиони денари, главно поради реализираната блок-зделка со акциите на Македонијатурист .Индексот МБИ10 забележа раст од 0,23%, поддржан од Комерцијална банка и Алкалоид, додека Макпетрол беше меѓу малкуте хартии со ценовен пад. Обврзничкиот пазар остана неактивен, а целокупната пазарна динамика укажува на стабилно тргување во последната недела пред празниците.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг