Connect with us

Црна Хроника

Обид за палење викендица во Струмица – отворена истрага за загрозување на општата сигурност

Основното јавно обвинителство во Струмица отвори истражна постапка против едно лице поради обид да предизвика пожар со што би ја загрозил општата сигурност. Против осомничениот се води постапка за кривично дело – Обид за тешки дела против општата сигурност, по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Обвинителството, осомничениот вчера попладне се заканил преку социјална мрежа на жител на Струмица дека ќе му ја запали викендицата. Неколку часа подоцна, се обидел да ја реализира заканата.

Инцидентот се случил на локацијата кај браната Водоча, каде што осомничениот со запален факел од хартија и текстил се обидел да ја запали натстрешницата на викендицата. Гредите почнале да чадат и да горат, а според Обвинителството, со тоа бил предизвикан сериозен ризик од пожар кој можел да се прошири и на соседните викенд-куќи, како и на околната ниско- и високостеблеста вегетација.

Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Advertisement

Црна Хроника

Тетово: Физички напад во угостителски објект, едно лице повредено со тврд предмет

policija tetovo

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.У.(18) од с.Желино и 16-годишник од с.Групчин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 22.10.2025, во еден угостителски објект во Тетово, пријавените физички ги нападнале А.Р.(19) од тетовско и 15-годишник од тетовско. При нападот, првопријавениот употребил и тврд предмет, при што е причинета повреда.

Случајот е пријавен и се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот.

Continue Reading

Црна Хроника

Измама со „волшебна амајлија“: Жената оштетена за 60.000 денари

Жена од Делчево била измамена со ветување дека „амајлија“ ќе ги реши сите нејзини семејни проблеми, при што издала 60.000 денари. Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот С.Ѓ. од скопското село Сарај поради измама.

Измамникот ја убедил жртвата во моќта на своите услуги во два наврати – во септември 2024 и повторно во март 2025 година, земајќи ѝ по 30.000 денари секојпат. Откако сфатила дека е измамена, жената го пријавила случајот во полиција.

Од МВР соопштуваат дека С.Ѓ. се сомничи за кривичното дело „измама“ и дека против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Инцидент во Скопје – две возила попречиле пат, следел напад

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје, С.М.(47) од Скопје пријави дека додека се движел со патничко возило од с.Јурумлери, скопско кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот, а од нив излегле М.С. и уште неколку други лица и физички го нападнале, а употребиле и тврди предмети, при што му го оштетиле и возилото. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг