Connect with us

Република

Коњановски: Денес ја завршуваме едната коловозна лента од булеварскиот влез на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес информираше дека завршуваат градежните активности на едната коловозна лента од булеварскиот влез во градот, што претставува една од најзначајните инфраструктурни интервенции во последниот период.

„Денес ја довршуваме едната коловозна лента од новиот булеварски влез во Битола, инвестиција што директно ќе го олесни сообраќајниот тек и ќе ја зголеми безбедноста на оваа делница“, изјави Коњановски.

Проектот опфаќа проширување на влезната сообраќајница, нов асфалт, поставување на тротоари и улично осветлување. Со комплетирањето на првата фаза, општината продолжува со втората коловозна лента, со цел комплетна модернизација на пристапот кон градот.

Оваа инвестиција е дел од поширокиот план за подобрување на патната инфраструктура и урбаното уредување во Битола, со кој, како што вели Коњановски, „Битола станува современ и достапен град за сите граѓани и посетители“.

Advertisement

Република

ВИДЕО: Битола секоја година се поубаво украсена

Битола повторно ја облече новогодишната светлина и ја отвори вратата за празничната магија што ја прави препознатлива. Улиците, плоштадите и сцените каде што и оваа година ќе се одвива „Зимската приказна“ засветкаа во празничен сјај, носејќи радост и топла атмосфера за граѓаните и посетителите.

Новогодишното украсување донесе свежа енергија и чувство на празнична возбуда низ целиот град, создавајќи амбиент кој секоја година изгледа сè поубаво и повпечатливо. Битола и овој декември е подготвена да ги пречека гостите со светлина, музика и празничен дух.

Со видео ви пренесуваме дел од атмосферата од градот под Пелистер, кој е подготвен за уште едно ново издание на предновогодишната програма „Зимска приказна“, на радост на сите генерации.

Continue Reading

Република

„Шпанец“ се враќа на пругите: Модернизиран и подготвен за патници

Легендарниот воз „Шпанец“, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на пругите со целосно нов лик. Денес беше тестирана обновената верзија на возот, кој сега располага со модерен дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.

Одговорните најавуваат дека подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек, со цел патниците да уживаат во современо и безбедно патување.

Следуваат уште новости за враќањето на овој легендарен воз – останете со нас за сите детали.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Република

После многу години конечно Тетово ќе се украсува

На онлајн седница одржана денеска, 12 декември 2025 година, Советот на Општина Тетово со мнозинство гласови донесе одлука за украсување на градот за претстојните новогодишни празници.

„За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ. Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, изјави претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Истовремено, изгласана е измена на Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата за 2025 година. Според новата програма, за празничното украсување се предвидени еден милион и петстотини илјади денари, што е над 24 илјади евра.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг