Connect with us

Свет

Експлозија на опасен вирус во руската армија

Бројот на нови случаи на ХИВ меѓу руските војници драматично се зголемил по почетокот на инвазијата врз Украина, покажува извештај на рускиот Воено-медицински журнал. Најголемиот скок бил регистриран во периодот на мобилизација, а до крајот на 2023 година, бројот на новодијагностицирани случаи бил дури 20 пати поголем во споредба со периодот пред војната.

Според анализата на Карнеги центарот за Русија и Евроазија, високата стапка на зараза не е резултат само на контакт со крв или воени повреди, туку и последица на ризично однесување — незаштитени сексуални односи и споделување игли при интравенско користење дрога. „Во војска што секој ден го живее како да е последен, ваквите практики стануваат секојдневие“, стои во извештајот.

Русија и пред војната имаше сериозен проблем со ХИВ — регистрирани се над 1,1 милион случаи, но се претпоставува дека вистинската бројка надминува 1,5 милиони. Според податоци на UNAIDS, во 2021 година Русија носела речиси 4% од глобалните случаи, иако не сочинува ни 2% од светската популација.

Дополнително, руските власти ги ограничуваат активностите на невладините организации кои се занимаваат со ХИВ-превенција. Законот за „странски агенти“ затвори бројни здруженија кои добиваа поддршка од странство, а последната одлука на Врховниот суд со која меѓународното ЛГБТ движење е прогласено за „екстремистичко“ ги маргинализира најранливите групи.

Ситуацијата не е поинаква ниту во Украина, која има највисока стапка на ХИВ во Европа — околу 240.000 заболени. Воените дејства го отежнаа пристапот до тестирање и терапија, а на окупираните територии, како Херсон, превентивните услуги речиси и да не постојат.

Експертите предупредуваат дека тековните репресивни политики и отсуството на сеопфатен одговор само ја продлабочуваат кризата, која сè повеќе ги погодува работоспособните генерации.

Advertisement

Свет

Фолксваген стави крај на автомобилското производство во Дрезден

Фабриката на Фолксваген во Дрезден, позната како „Транспарентна фабрика“, ќе ја прекине производството на автомобили, а последното возило ќе излезе од производната лента во вторник, објави „Фајненшел тајмс“.

Одлуката е дел од стратегијата на германскиот производител за намалување на трошоците и оптимизација на работењето во Германија. Компанијата минатата година најави намалување на бројот на вработени за 35.000, а финансиските предизвици се делумно резултат на намалената побарувачка на кинескиот пазар и промените во американската трговска политика, пренесува Seebiz.

Идната улога на фабриката ќе биде иновациски кампус кој ќе ги обедини ресурси на VW групацијата, сојузната покраина Саксонија и Техничкиот универзитет во Дрезден (TU Dresden). Просторот ќе се фокусира на развој на вештачка интелигенција, роботика, микроелектроника и дизајн на чипови, при што универзитетот ќе заземе речиси половина од објектот.

Фолксваген и TU Dresden планираат заеднички инвестиции од над 50 милиони евра (58,3 милиони долари) во следните седум години, со цел да се поттикнат иновациите и истражувањето во високотехнолошки области.

Continue Reading

Свет

САД ѝ поставија услов на Украина за мир

Американските мировни посредници ѝ порачале на Украина дека како дел од можен договор за завршување на војната ќе мора да се согласи на повлекување на своите сили од источниот дел на Донецката област, изјави функционер запознаен со разговорите одржани во Берлин.

Според изворите, кои зборувале под услов на анонимност по завршувањето на вториот ден преговори меѓу украинските и американските претставници, Киев побарал продолжување на дискусиите, бидејќи и понатаму постојат сериозни несогласувања околу територијалните прашања.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин одржа средби со американскиот изасланик Стив Виткоф, Џаред Кушнер – зет на американскиот претседател Доналд Трамп, како и со повеќе европски лидери. Иако Украина е под зголемен притисок од администрацијата на Трамп да направи отстапки кон Русија, официјален Киев во јавноста настапи со умерен оптимизам.

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, изјави дека разговорите биле конструктивни и дека е постигнат одреден напредок, нагласувајќи ја улогата на американскиот тим во обидите за наоѓање трајно мировно решение.

Клучните точки на преговорите остануваат статусот на украинската територија и можноста за членство во НАТО. Украина сигнализираше дека е подготвена да се откаже од амбицијата за влез во Алијансата, доколку добие цврсти и обврзувачки безбедносни гаранции од Западот. Сепак, не е јасно дали е постигнат напредок по ова прашање и дали разговорите можат да доведат до прекин на огнот прифатлив и за Москва.

Од Кремљ порачаа дека барањето Украина да не стане членка на НАТО е клучен услов за било каков мировен договор, додавајќи дека Русија очекува дополнителни информации од САД по берлинските разговори.

Во меѓувреме, анкетите во Украина покажуваат дека мнозинството граѓани се подготвени за договор што би ја замрзнал сегашната линија на фронтот, но силно се спротивставуваат на отстапување територии без јасни безбедносни гаранции.

Преговорите во Берлин се одвиваат во рамки на чувствителна дипломатска недела за Европа, во која лидерите на ЕУ, НАТО и клучните европски држави се обидуваат да најдат заеднички пристап кон поддршката на Украина и можните патишта кон мир.

Continue Reading

Свет

Илон Маск постави историски рекорд: богатството надмина 600 милијарди долари

Нето-вредноста на Илон Маск се искачи на проценети 677 милијарди долари, со што тој стана првата личност во историјата чиј имот ја надминал границата од 600 милијарди долари. Новиот рекорд доаѓа како резултат на растот на вредноста на неговите компании и зголемената доверба на инвеститорите.

Маск, кој е извршен директор и сопственик на неколку глобално влијателни компании, продолжува да ја зацврстува позицијата на најбогат човек во светот. Најголем дел од неговото богатство е поврзан со уделите во технолошки и автомобилски компании, како и со проекти во вселенската и енергетската индустрија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг