Connect with us

Црна Хроника

ФИЛМСКА ПОТЕРА ВО СКОПЈЕ: УАПСЕНИ ДВАЈЦА КОСОВЦИ СО ОСУМ МИГРАНТИ ОД КИНА

Двајца државјани на Косово се уапсени синоќа по драматична полициска потера на автопатот кај Скопје, откако биле фатени како превезуваат осум мигранти од Кина. Потерата, проследена со истрели, оштетени возила и урнати рампи, заврши кај излезот Визбегово, каде возилото излета од патот.

Како што информираат од МВР, уапсените се Г.Л. (24) и Б.Л. (18). Тие при бегство ја оштетиле рампата на наплатната станица во Градско, а во Катланово удриле во „Опел Инсигниа“ со странски регистарски таблички и мотоцикл со македонски ознаки. Потерата продолжила и во Петровец, каде што дополнително ја урнале и рампата на наплатната станица.

„На клучката за Приштина, возилото излетало од патот, по што еден од осомничените се обидел да побегне и физички нападнал полициски службеник. Со употреба на сила бил совладан и приведен“, соопштуваат од МВР.

Во обид да го запрат возилото, полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, но никој не бил повреден. Двајцата осомничени се пренесени во полициска станица, а мигрантите се сместени во транзитен центар. Против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Advertisement

Црна Хроника

Голем дефект на 110kV трафостаницата “Тетово 1” го остави цело Тетово без струја

Дел од корисниците во Тетово се без снабдување со електрична енергија поради дефект на 110 kV трафостаницата „Тетово 1“, информираат од Електродистрибуција.

Како што соопштуваат, прекинот во електроснабдувањето започнал од 16 часот, а екипите на Електродистрибуција се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Застој на автопатот Скопје–Тетово, камион се превртел кај Желино

Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.

Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.

Дополнителен проблем за возачите претставуваат временските услови. На овој патен правец има појава на густа магла, која значително ја намалува видливоста.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.

Continue Reading

Црна Хроника

Две жени нападнати во автобуси на ЈСП во Скопје

Во два одделни инциденти на 19 декември 2025 година, две жени од Скопје биле физички нападнати додека се возеле во автобуси на ЈСП.

Првиот случај се случил околу 15:00 часот во подрачјето на Гази Баба, кога А.С. (46) пријавила дека била нападната од И.С. (39) од Скопје.

Вториот инцидент се случил околу 17:20 часот во подрачјето на Драчево, кога С.Ј. (55) била нападната од непознато женско лице додека се качувала во автобус.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг