Connect with us

Црна Хроника

Полицијата во акција – Четворица приведени во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје во текот на ноќта помеѓу 1 и 2 август привеле четири лица на различни локации во градот, откако кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Приведените се Б.А. (20), Д.Ј. (25), Б.Л. (50) и М.А. (37), сите од Скопје. По целосно расчистување на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Advertisement

Црна Хроника

Трагедија во Македонија – Малолетник загина во сообраќајна несреќа

Седумнаесетгодишно момче од неготинското село Тимјаник го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, информираат од Министерството за внатрешни работи. објави

Според пријавата во ОВР Неготино, несреќата се случила на 20 декември 2025 година, околу 00:50 часот. Малолетникот управувал мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, кога од засега неутврдени причини изгубил контрола и удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Неготино.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот малолетник е предадено на обдукција.

Continue Reading

Црна Хроника

Нападнал полицаец по сообраќајна контрола – МВР со детали

Полицијата уапси возач во Велес, управувал возило под дејство на алкохол, а потоа нападнал полициски службеник.

– На 20.12.2025 во 02:10 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Н.(49) од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник, информираа од полицијата. 

Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. 

Continue Reading

Црна Хроника

Хорор во Тетово – Возач удрил во полициски службеник и избегал

На 19.12.2025 година во 12:50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(28) од с.Порој, затоа што кај кружниот тек од ул.,,Илинденска” со ул.,,Маршал Тито” во Тетово со патничко моторно возило ,,ауди” со тетовски регистерски таблици, не застанал на даден знак и со возилото удрил во полициски службеник, по што и избегал од местото на настанот. По преземени мерки, тој е пронајдени лишен од слобода, а на полицискиот службеник му се констатирани телесни повреди во Клиничка болница Тетово. По документирање на случајот против Е.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг