Connect with us

Свет

Нови напади кај нуклеарката Запорожје – ИАЕА алармира за закана по нуклеарната безбедност

Тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска забележал чад и слушнал експлозии во близина на нуклеарната електрана Запорожје – најголемата во Европа – која од март 2022 е под руска окупација. Според информации на вработените во централата, мета биле помошни објекти лоцирани на околу 1.200 метри од главниот комплекс, пренесе Kyiv Independent.

Нападот започнал околу 9 часот со дронови и артилериско гранатирање, а звуците на воена активност биле слушнати и од позициите каде се наоѓаат експертите на МААЕ. Директорот на агенцијата Рафаел Маријано Гроси предупреди:

„Секој напад во близина на нуклеарна централа, без разлика која е метата, претставува ризик за нуклеарната безбедност и мора да се избегне. Повторно апелирам за максимална воена воздржаност околу ваквите објекти.“

Русија гради нова електрична мрежа за приклучување на Запорожје

Истовремено, според New York Times и Greenpeace, Русија гради нови далекуводи на окупираните јужни територии од Украина, со цел да го приклучи Запорожје кон сопствената електроенергетска мрежа. Сателитски снимки покажуваат дека од февруари се поставени над 80 километри далекуводи долж брегот на Азовското Море, меѓу Мариупол и Бердјанск.

Целта, според Greenpeace, е приклучување кон главната трафостаница кај Мариупол, од каде би можело да се обезбеди енергија и за самата нуклеарка, оддалечена околу 225 километри.

Украински дрон предизвика пожар во нафтено складиште во Сочи

Повеќе од 120 пожарникари се бореле со голем пожар во нафтено складиште во рускиот град Сочи, по украински напад со дронови, соопшти гувернерот на Краснодарскиот крај, Венјамин Кондратјев.

Пожарот зафатил резервоар со капацитет од 2.000 кубни метри. Рускиот авио-регулатор Росавијација извести дека летовите на аеродромот во Сочи се привремено суспендирани поради безбедносни причини.

Нападот се случил во областа Адлер – дел од Сочи – каде во 2024 година била и демолирана претседателската летна резиденција „Бочаров Ручеј“, поради страв од украински ракетни и дрон напади. Од тогаш, Владимир Путин не се појавил во Сочи.

Нови напади во руските региони, Кијава под ракетен оган

Освен во Сочи, украински дронови нападнале и објекти во Вороњешката област, каде, според гувернерот, била повредена една жена, а настанале неколку пожари. Во истовреме, руската армија извршила нов масовен ракетен напад врз Киев.

Сочи, домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година, ретко беше цел на напади во првите две години од војната, но последните случувања укажуваат на промена на украинската стратегија, насочена кон длабоко во руската територија и симболично важни локации.

Advertisement

Свет

Силна експлозија во Франција – петмина повредени

Силна експлозија ја погоди приземјето на една помала зграда во градот Тревос, во близина на Лион, вечерва околу 18 часот, при што пет лица се повредени, објави „Фигаро“.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на фасадата на зградата, а спасувачките екипи брзо интервенирале. Жртвите добиле медицинска помош на лице место, додека педесет пожарникари со 36 возила и медицински служби биле мобилизирани за да им пружат помош на повредените.

Како мерка на претпазливост, средното училиште лоцирано во непосредна близина било веднаш евакуирано. Локалните власти започнаа истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.

Continue Reading

Свет

Фолксваген стави крај на автомобилското производство во Дрезден

Фабриката на Фолксваген во Дрезден, позната како „Транспарентна фабрика“, ќе ја прекине производството на автомобили, а последното возило ќе излезе од производната лента во вторник, објави „Фајненшел тајмс“.

Одлуката е дел од стратегијата на германскиот производител за намалување на трошоците и оптимизација на работењето во Германија. Компанијата минатата година најави намалување на бројот на вработени за 35.000, а финансиските предизвици се делумно резултат на намалената побарувачка на кинескиот пазар и промените во американската трговска политика, пренесува Seebiz.

Идната улога на фабриката ќе биде иновациски кампус кој ќе ги обедини ресурси на VW групацијата, сојузната покраина Саксонија и Техничкиот универзитет во Дрезден (TU Dresden). Просторот ќе се фокусира на развој на вештачка интелигенција, роботика, микроелектроника и дизајн на чипови, при што универзитетот ќе заземе речиси половина од објектот.

Фолксваген и TU Dresden планираат заеднички инвестиции од над 50 милиони евра (58,3 милиони долари) во следните седум години, со цел да се поттикнат иновациите и истражувањето во високотехнолошки области.

Continue Reading

Свет

САД ѝ поставија услов на Украина за мир

Американските мировни посредници ѝ порачале на Украина дека како дел од можен договор за завршување на војната ќе мора да се согласи на повлекување на своите сили од источниот дел на Донецката област, изјави функционер запознаен со разговорите одржани во Берлин.

Според изворите, кои зборувале под услов на анонимност по завршувањето на вториот ден преговори меѓу украинските и американските претставници, Киев побарал продолжување на дискусиите, бидејќи и понатаму постојат сериозни несогласувања околу територијалните прашања.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин одржа средби со американскиот изасланик Стив Виткоф, Џаред Кушнер – зет на американскиот претседател Доналд Трамп, како и со повеќе европски лидери. Иако Украина е под зголемен притисок од администрацијата на Трамп да направи отстапки кон Русија, официјален Киев во јавноста настапи со умерен оптимизам.

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, изјави дека разговорите биле конструктивни и дека е постигнат одреден напредок, нагласувајќи ја улогата на американскиот тим во обидите за наоѓање трајно мировно решение.

Клучните точки на преговорите остануваат статусот на украинската територија и можноста за членство во НАТО. Украина сигнализираше дека е подготвена да се откаже од амбицијата за влез во Алијансата, доколку добие цврсти и обврзувачки безбедносни гаранции од Западот. Сепак, не е јасно дали е постигнат напредок по ова прашање и дали разговорите можат да доведат до прекин на огнот прифатлив и за Москва.

Од Кремљ порачаа дека барањето Украина да не стане членка на НАТО е клучен услов за било каков мировен договор, додавајќи дека Русија очекува дополнителни информации од САД по берлинските разговори.

Во меѓувреме, анкетите во Украина покажуваат дека мнозинството граѓани се подготвени за договор што би ја замрзнал сегашната линија на фронтот, но силно се спротивставуваат на отстапување територии без јасни безбедносни гаранции.

Преговорите во Берлин се одвиваат во рамки на чувствителна дипломатска недела за Европа, во која лидерите на ЕУ, НАТО и клучните европски држави се обидуваат да најдат заеднички пристап кон поддршката на Украина и можните патишта кон мир.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг