Connect with us

Република

Коњановски: Почна реконструкцијата на канализацијата и коловозот на улицата „Панде Кајзеро“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот на КЈП „Нискоградба“, Зоран Талевски, денеска изврши увид во тековните градежни активности за реконструкција на мешовитата канализациона мрежа на улицата „Панде Кајзеро“.

Проектот, кој се реализира со средства од првиот повик на Владата за капитални инвестиции во 2024 година, е вреден 3.249.089 денари.

Реконструкцијата опфаќа две независни канализациони линии – Крак 1 и Крак 2.

Кракот 1, во должина од 309,7 метри, започнува од улицата „Илинденска“ и се протега кон северозапад.

Кракот 2 е долг 50,8 метри и се движи од улицата „7-ми Јули“ кон исток.

Во рамките на реконструкцијата, старите бетонски цевки ќе бидат заменети со нови коругирани полиетиленски (ПЕ) цевки, класа SN 8, со внатрешен пречник од 300 мм.

По завршувањето на реконструкцијата на канализационата мрежа, ќе следува и втората фаза од проектот – изградба на нов коловоз во должина од 380 метри, за што се обезбедени дополнителни 5.385.770 денари, исто така преку повик од Владата.

Градоначалникот Коњановски нагласи дека општината останува посветена на подобрување на инфраструктурата, особено во делот на основните комунални услови за живот на граѓаните.

Република

Повеќе делови од Тетово утре без електрична енергија

Повеќе делови од Тетово утре, 17 декември 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Според најавата, прекините ќе се одвиваат во периодот од 09:00 до 14:30 часот и ќе зафатат различни делови од градот. Без струја ќе бидат објекти на улицата „Борис Кидрич“, како и делови во кругот на поранешната печатница „Напредок“.

Дополнително, прекин е најавен и за делови од Тетово во населбите Два Бреста и Певчина, каде електричната енергија ќе биде исклучена во периодот од 09:20 до 13:00 часот.

Од надлежните служби информираат дека станува збор за планирани активности и апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски.

Continue Reading

Република

Лажни дојави на бомби: како се обезбедуваат училиштата во Македонија

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека лажни дојави на бомби се забележани во повеќе градови и дека секогаш се постапува согласно антитерористички протоколи, без разлика дали дојавата е во училиште или на друго место со поголем број граѓани.

Министерката за образование и наука, Јаневска, истакна дека упатството за постапување по дојави на бомби е доработено и доставено до сите училишта, но МОН нема прецизна информација како се спроведува на терен. Таа посочи на несоодветна комуникација помеѓу врвните институции и локалните структури, додавајќи дека обврски имаат и градоначалниците и директорите на училиштата, особено во делот на евакуацијата и превозот на учениците.

„Сакам да ве уверам дека постапуваме согласно стандарди и протоколи како и останатите европски земји, делуваме превентивно и со целосна грижа за безбедноста на граѓаните, особено на децата“, изјави Тошковски. Тој додаде дека при појава на проблеми, тие се решаваат во најбрзо време и дека безбедноста на учениците останува прв приоритет.

Министерот потенцираше дека МВР сега многу поефикасно се справува со лажните дојави и дека максимално се преземаат сите дејствија во надлежност на министерството.

Continue Reading

Република

Намалена видливост поради магла: внимателно на овие патишта

Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со претежно суви коловози, додека надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува возачите да се движат со прилагодена брзина, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони.

Посебна внимателност се советува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг