Драма во Тетовско: Со пиштолот се обидувал да пука во локал!

На 05.08.2025 во 10:55 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода Б.У.(43) од с.Желино, тетовско, постапувајќи по пријава дека претходниот ден во локал во селото физички го нападнал Е.Џ.(32) од истото село и неколку пати се обидел да пука со пиштол кон него, но пиштолот му заглавил. Б.У. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.