Connect with us

Црна Хроника

Две лица од Скопје изнудиле 300.000 евра од Кумановец

Две лица од Скопје се соочуваат со кривична пријава за изнуда, откако осум години вршеле притисок врз жител на Куманово и од него изнудиле над 300.000 евра. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за Ш.М. (34) и Ф.М. (37), кои со континуирани закани врз животот на оштетениот и неговото семејство, прибавиле огромна противправна имотна корист.

Изнудата започнала по заем од 30.000 евра, кој оштетениот го зел од Ш.М. под услов секој први во месецот да исплаќа камата од 16 проценти. Преку редовни месечни исплати, во готово и преку брз трансфер на пари, до денес оштетениот исплатил вкупно околу 300.000 евра.

Клучниот момент се случил на 4 август 2025 година, кога по претходен договор, оштетениот се сретнал со Ш.М. во кафе бар на бензинска пумпа во Куманово и му предал 2.000 евра. По предавањето на парите, Ш.М. бил уапсен, а при прегледот полицијата ги пронашла парите кај него.

Потоа, по наредба на судија од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот каде престојувале пријавените, при што била пронајдена релевантна документација поврзана со случајот.

Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а истрагата продолжува.

Advertisement

Црна Хроника

77-годишна скопјанка измамена со 150.000 денари од лажно лице што се претставило како доктор

На 19 декември 2025 година, 77-годишна жена од Скопје пријавила во СВР Скопје дека била измамена за сума од 150.000 денари. Според пријавата, непознато машко лице ѝ се јавило телефонски, претставувајќи се како доктор, и ѝ рекло дека треба да даде пари за операција на нејзината ќерка, која наводно се повредила додека ги шетала кучињата.

Жената парите ги оставила на договореното место, но по разговор со својата ќерка сфатила дека станува збор за измама.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за откривање на лицето што ја измамило.

Continue Reading

Црна Хроника

Напад со нож – едно лице тешко повредено

Во струшкото село Драслајца, на 19 декември 2025 година, едно лице било нападнато со нож, при што претрпело тешки телесни повреди. Повредениот, И.С. (33) од селото Ложани, бил веднаш пренесен во Општата болница во Струга за укажување на лекарска помош.

На местото на инцидентот извршен е увид од јавен обвинител и полициски екипи, а се преземаат мерки за расчистување на настанот и идентификација на сторителот.

Continue Reading

Црна Хроника

Маглата предизвика верижна сообраќајка во Скопје, сообраќајот се одвива отежнато

Попладнево на влезот во Скопје, веднаш по наплатната рампа кај Петровец, се случи верижна сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе патнички возила.

Според сведоштва на граѓани објавени на социјалните мрежи, густата магла значително ја намалила видливоста, што довело до отежнато и забавено одвивање на сообраќајот во овој дел од патот. Возачите кои минуваат низ оваа делница апелираат на зголемена претпазливост и прилагодување на брзината на актуелните услови.

Полициски екипи се присутни на терен и вршат увид на местото на несреќата. Повеќе информации за причините и евентуалните последици од сообраќајката се очекуваат по завршување на истрагата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг