Connect with us

Скопје

Мишко Ралев за Фактор: Од ТВ дознав дека не сум кандидат за Скопје на СДСМ – Никогаш не сум бил партиски член

Професорот и архитект Мишко Ралев беше меѓу најпосакуваните кандидати за градоначалник на град Скопје со поддршка на СДСМ, но опозициската партија реши да оди со „проверен партиски кадар“. Потоа деканот на Архитектонскиот факултет на Американ се сретна со Орце Георгиевски, потврдениот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје, со образложение дека ќе ја води стручната комисија за урбанизам по изборите, секако доколку истиот победи. Тоа беше доволно да се вжешти трката за главниот град, но и да и се пласираат бројни „бомбастични“ тврдења за промена на „партиски дресови“. 

Професорот Ралев отворено говори за Фактор.мк што се случуваше зад завесата, како се одвиваше неговата соработка со СДСМ и на кој начин ќе биде ангажиран во кабинетот на Орце Ѓеоргиевски по изборите во октомври. Тој тврди дека не е партиски член и дека неговиот ангажман ќе биде исклучиво на база на неговата професионална стручност. 

Што мисли за реализацијата на проектот Скопје 2014, за враќањето на функцијата Градски архитект и визијата за развој на македонската „метропола“, прочитајте во интервјуто со професорот Мишко Ралев.

Подолго време се сметаше дека сте меѓу фаворитите за кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, но очигледно отпаднавте од таа трка. Колку бевте навлезен во таа предизборна кампања и зошто партиското раководство не ви ја довери довербата да „истрчате“ на изборите?

Ралев: Дозволете ми да се вратам неколку години наназад, во времето кога Димитар Ковачевски беше избран за претседател на СДСМ. Имено, со Димитар се познававме од Универзитетот Американ Колеџ, и тој ме покани да бидам дел од Извршниот одбор на партијата, а со цел да бидам следниот кандидат за градоначалник на Скопје. Јас таа идеја ја прифатив со план да се формира стручна комисија за Скопје и полека да се гради политиката за развој на градот. Но, таа комисија не се формираше и јас после една година си дадов оставка од Извршен одбор. Потоа, во септември 2024 г. бев повикан од Венко Филипче да разговараме прво за формирање на стручна комисија за Скопје и потоа да се размислува и за стратегија за кандидирање за градоначалник. И со Венко се знаевме од порано од одредени кругови. Ние повремено но, континуирано комунициравме и во април 2025 година, кога Венко го доби полниот мандат како претседател. Конкретно разговаравме за моја кандидатура за градоначалник поддржана од СДСМ. Да потсетам дека јас не сум бил ниту сум член на политичка партија. Побарав време да размислам, и после одредени консултации ја прифатив неговата покана, воден од идејата дека на Скопје му е потребен архитект и некој кој нема политичко „досие“. Почнавме да работиме на концепти околу дизајнот на кампањата и како да се приближи мојата личност како непартиски кандидат до гласчкото тело. Беа вклучени и одредени личности кои требаше да ја водат кампањата од надвор но, и од партијата. Потоа, состаноците и комуникацијата завршија некаде на почетокот на јули, можеби втори или трети јули. Оттогаш никој од партијата не ме комуницираше, за да после некое време почнат да се шират одредени гласови дека сум се откажал од кандидатурата. Дури и ВМРО даде изјава дека сум надвор од „трка“. Јас за една национална телевизија изјавив дека како сериозен човек не сум се откажал од кандидатурата за кандидат за градоначалник. Сепак, на 11 јули од медиумите дознав дека јас не сум избран за кандидат за градоначалник на Скопје од страна на СДСМ. Причината зошто е тоа така не ја знам ниту денес. Никој од СДСМ не ми се јавил за оваа одлука. Но, никој ине треба да ми се јави освен Венко, само тој ја знае причината, зашто одредени состаноци ги имавме во четири очи така што сите овие изјави на портпаролки, потпредседателки се неверодостојни и се од втора рака.

Целото интервју може да го прочитате на faktor.mk

Advertisement

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг