Connect with us

Економија

Глобалните цени на храната на највисоко ниво за две години – месото и растителните масла водат во поскапувањето

Глобалните цени на храната во јули достигнаа највисоко ниво во последните две години, главно поради растот на цените на месото и растителните масла, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Индексот на цените на основните прехранбени производи на ФАО во јули изнесува 130,1 поен, што е зголемување од 1,6% во однос на јуни и највисока вредност од април 2023 година. Во споредба со јули минатата година, храната е поскапа за 7,6%, иако сè уште е 18,8% пониска од рекордот од март 2022 година.

Цените на растителните масла скокнале за 7,1% во однос на јуни, достигнувајќи највисоко ниво во последните три години. Поскатувањето е предизвикано од растот на цените на палминото, соиното и сончогледовото масло – поттикнати од силна глобална побарувачка и намалени залихи од Црното Море.

Месото поскапело за 1,2%, достигнувајќи рекордни нивоа откако ФАО почна да ги бележи податоците. Најмногу скокнале цените на говедското и овчото месо поради силен увоз од Кина и САД. Живината, исто така, бележи благ раст, додека цените на свинското се намалени поради големи залихи и слаба побарувачка во ЕУ.

Спротивно на тоа, цените на житарките паднале за 0,8% поради добра жетва на пченица, а оризот поевтинел за 1,8% поради обилни извозни залихи. Шеќерот е поевтин петти месец по ред, а млечните производи бележат прв пад од април 2024 година – за 0,1%.

Според ФАО, движењата на пазарот остануваат чувствителни на временските услови и глобалната побарувачка, што значи дека нестабилноста во цените на храната веројатно ќе продолжи и во наредните месеци.

Advertisement

Економија

Профитите на германските автомобилски гиганти паднаа на најниско ниво од 2009 година

Германската автомобилска индустрија бележи најтежок квартал во последните 15 години. Според анализа на консултантската фирма EY, оперативните профити на Volkswagen, BMW и Mercedes-Benz меѓу јули и септември се намалиле за 76%, достигнувајќи околу 1,7 милијарди евра.

Ова претставува најниско ниво на профит од 2009 година, иако вкупниот приход и продажба останале релативно стабилни. Ниту една друга земја со значајна автомобилска индустрија не забележала толку слаби резултати.

Продажбата на германски автомобили падна најмногу во Кина, за 9%, додека уделот на кинескиот пазар во вкупната продажба се намали од 39% на 29%. Продажбата на премиум модели се намалува, а во сегментот на електрични возила купувачите се повеќе се одлучуваат за локални брендови.

Во Германија, компаниите Bosch, Mercedes и Volkswagen веќе најавија намалување на бројот на вработени. EY предупредува дека ваквите мерки се болни, но неизбежни.

Continue Reading

Економија

Историски удар за германската автомобилска индустрија: Волксваген ја затвора фабриката во Дрезден

Германската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици откако Волксваген најави дека ќе ја запре производството во својата фабрика во Дрезден. Ова е прво затворање на фабрика во Германија во 88-годишната историја на компанијата, што означува историски момент за индустријата која долго време беше мотор на германската економија.

Причините за затворањето се поврзуваат со структурните промени во автомобилската индустрија, особено транзицијата кон електрични возила и потребата за намалување на трошоците. Од Волксваген соопштуваат дека ќе преземат мерки за поддршка на вработените, вклучително и понуди за пренасочување кон други објекти и програми за обука.

Експертите предупредуваат дека ова затворање може да има пошироки последици врз германската економија и добавувачите во автомобилскиот сектор, особено во регионот околу Дрезден. Автомобилската индустрија во Германија, која долго време беше симбол на технолошка извонредност и економска стабилност, сега се соочува со потреба од брзи адаптации за да остане конкурентна на глобалниот пазар.

Continue Reading

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.

Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг