Connect with us

Македонија

Македонски Концепт со повик за кандидирање советници и градоначалници за Локални избори 2025

Македонски Концепт распиша јавен повик за кандидати за советници и градоначалници на претстојните Локални избори 2025 година.

Повикот е отворен за сите граѓани на Македонија – без разлика на етничка или верска припадност, пол, образование или други убедувања.

ВАША ОПШТИНА – ВАША ОДЛУКА – НАША ПОДДРШКА!

„Почитувани сограѓани,

на Локалните избори ја избирате иднината на вашата општина, вашето маало, вашето семејство. Одлучувате за квалитетот на животот, таму каде што живеете, работите и ги одгледувате вашите деца. Таму каде што ја создавате вашата иднина.
Македонски Концепт верува дека најдобрите одлуки ги носат самите граѓани. Затоа, вие ги предлагате кандидатите – ние целосно ве поддржуваме! Вашата одлука е конечна, а ние ќе застанеме зад вашите луѓе и ќе обезбедиме нивна верификација пред надлежните изборни органи.
КОГО ПОВИКУВАМЕ?

Личности кои се:
• Чесни и со висок личен интегритет – без разлика на степен на образование;
• Признати и почитувани во својата локална заедница;
• Посветени на јавниот интерес, а не на лична корист;
• Подготвени за транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните;

Не е услов да сте член на Македонски Концепт – важно е да имате желба и сила да работите за својата општина и народот, а не за партијата.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

Испратете ги следни податоци:
• Име и презиме
• За што се пријавувате (советник / градоначалник)
• Општина
• Телефон
• Е-пошта (доколку имате)
• Адреса на живеење (по лична карта)
на следниве форми за комуникација:
• Линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdncXTdllYB2V…/viewform
• Е-пошта: contact@mkoncept.mk
• Телефон: 071 619 836
Рок за пријавување: 20 август 2025

ПРИДРУЖИ СЕ НА МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ!
ПАРТИЈА КОЈА ГИ ПОДДРЖУВА ВАШИТЕ КАНДИДАТИ И ВАШИТЕ ОДЛУКИ!
Ако веруваш во промени, чесно и транспарентно владеење и политики во служба на граѓаните – ова е твојата шанса да бидеш дел од новата политичка реалност во Македонија.
Заедно градиме иднина!
Македонија на прво место!“, гласи соопштението од Македонски Концепт.

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг