Connect with us

Република

Тежок пожар го зафати ловиштето „Јасен“, вклучени полициски и армиски хеликоптери

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека најкритичната состојба со пожарите денес е во ловиштето „Јасен“ во Општина Македонски Брод, каде што огнената стихија со денови не може целосно да се стави под контрола.

„Иако пожарот повеќепати беше изгаснат, поради непристапниот терен негови краци повторно се реактивираат и зафаќаат поголема површина“, изјави Ангелов.

Во гаснењето учествуваат два хеликоптери на МВР и еден на Армијата, активни од рано утро, како и 15 припадници на специјалните единици на МВР, 26 армиски специјалци, екипи на ЈП „Јасен“ и тимови од Национални шуми.

Покрај овој пожар, активен е и помал пожар во атарот на селото Крапа, кој според Ангелов, наскоро ќе биде ставен под контрола. Се работи и на гаснење на пожар во близина на селото Свиларе, со ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и два пинцгауери на ДЗС.

Ангелов се осврна и на вчерашниот голем пожар во кичевското село Челопејци, кој претставувал закана за блиските воени објекти и за самото село. Благодарение на брзата реакција со два полициски и еден армиски хеликоптер, два Ер-трактори, противпожарни екипи и помош од локалното население, пожарот бил целосно изгаснат во два часот по полноќ.

„Состојбата со овој пожар е стабилна, но оставени се патроли за спречување на евентуално реактивирање“, истакна Ангелов.

Advertisement

Република

Проданоски ги повика прилепчани на заедничко одбележување на Свети Никола

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати покана до граѓаните да присуствуваат на централното одбележување на Градската слава и патрониот празник на градот – Свети Никола. Оваа година се одбележуваат 20 години од прогласувањето на Свети Никола за заштитник на Прилеп, значаен јубилеј кој, како што истакна Проданоски, го зацврстува чувството на заедништво и традиција.

Свеченото одбележување ќе започне во 08:00 часот со литургија во храмот „Св. Благовештение“. Во 12:00 часот пред параклисот „Св. Никола“ ќе се одржат водоосветување и прережување на славскиот колач, по што граѓаните заедно ќе се упатат кон плоштадот „Александрија“. На плоштадот ќе биде поставена традиционалната светиниколска посна трпеза, а празничната атмосфера ќе ја збогати настапот на групата „Тајфата“ на Камената бина.

Проданоски ги повика сите прилепчани, како и граѓаните од цела Македонија, да се приклучат на прославата и да го одбележат празникот со заедничка радост и достоинство.

Continue Reading

Република

ДЕЛ ОД ТЕТОВО И ШЕСТ СЕЛА УТРЕ БЕЗ СТРУЈА

evn

Утре, 12 декември 2025 година, дел од Тетово и повеќе тетовски села ќе останат без електрична енергија поради најавени планирани прекини во снабдувањето.

Според објавата, без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од градот Тетово, поточно објектите во близина на улицата Илинденска, кај стадионот.

Во истиот период, планиран прекин ќе има и во селата:
• Церово (повеќе локации, вклучително и репетитор Мобимак и целото село),
• Ново Село (две засегнати подрачја),
• Рогле,
• Теарце (од 09:00 до 10:00 часот),
• Челопек,
• Агино Село (ул. 114).

ЕВН најавува дека прекините се поради технички зафати во електро-мрежата и апелира граѓаните навреме да се прилагодат на измените.

Continue Reading

Република

БИТОЛА БЛЕСНА ВО НОВА НОВОГОДИШНА СВЕТЛИНА

Битола и кажа добредојде на новогодишната магија. Претпразнично блеснаа улиците, плоштадите, сцените каде и годинава ќе се случува „Зимската приказна“.
Нова светлина, нова енергија, нова радост за граѓаните на Битола и сите гости.

Со оваа фотогалерија Ви пренесуваме дел од новогодишната магија во градот под Пелистер, подготвен за уште едно ново издание на предновогодишната програма на препознатливата „Зимска приказна“.

.

.

.

.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг