Connect with us

Република

Лишени од слобода возачи во Струга и струшко, управувале возила под дејство на алкохол

На 13.08.2025 во 03.10 часот на улица „15 Корпус“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.С. (21) од Струга, кој управувајќи патничко моторно возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, бил учесник во сообраќајна незгода помеѓу неговото и патничко моторно возило „туран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(62) од Вевчани.

По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека А.С. возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,72 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување моторно возило“.

Исто така, на 14.08.2025 во 01.55 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан лишен од слобода е Н.М.(29) од струшкото село Радолишта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга, сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,63 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување моторно возило“.

Advertisement

Република

Проданоски: Наставата на мајчин турски јазик е темел на културниот идентитет и соживотот

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин турски јазик.

Тој упати посебни честитки до колективот и учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во село Канатларци, каде што успешно се реализира настава на турски јазик и со голема посветеност се негува јазикот како значаен дел од културниот идентитет.

Проданоски ја истакна важноста од негувањето на мајчиниот јазик и почитувањето на повеќекултурните вредности, нагласувајќи дека мајчиниот јазик е нераскинлив дел од идентитетот, традицијата и културното наследство на секој народ, а неговото почитување придонесува за меѓусебно разбирање, почит и пријателство во мултикултурно општество.

Општина Прилеп, како што беше нагласено, ќе продолжи посветено да ги негува повеќекултурните вредности и да го чува културниот идентитет на сите заедници, вклучително и на турската заедница, со цел создавање подобри услови за изучување и унапредување на наставата на мајчин турски јазик.

Continue Reading

Република

Коњановски: Мерките за младите мора да станат конкретни политики и буџетски приоритети

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска, амбасадорот на Швајцарија во Македонија Кристоф Зомер, како и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Во рамки на дискусијата за младински политики по мерка на младите, беше отворена дебата за предизвиците и потребите на младите во областите на социјалната заштита, образованието, спортот, младинското учество и јавниот превоз во Пелагонискиот регион.

Градоначалникот Коњановски истакна дека локалните самоуправи се соочуваат со бројни ограничувања при имплементацијата на младинските политики, но нагласи дека токму регионалната соработка овозможува поефикасен пристап.

„Сите сме свесни дека младинските политики не се едноставни за имплементација поради ограничени финансиски и човечки ресурси и различни реалности меѓу општините. Затоа Регионалната платформа за млади има посебна вредност – ни овозможува заеднички да ги адресираме предизвиците, преку размена на искуства и креирање применливи мерки за целиот регион“, рече Коњановски.

Тој додаде дека анализите и предлог-мерките за образованието, социјалната заштита, младинското учество, спортот и јавниот превоз се клучни за иднината на младите и нивната одлука дали ќе останат во своите општини и ќе имаат доверба во институциите.

„Наша обврска е овие мерки да не останат само препораки, туку да ги преточиме во конкретни политики, одлуки и буџетски приоритети“, потенцираше градоначалникот.

На форумот се говореше и за нееднаквите можности за младите во руралните во споредба со урбаните општини, како и за првичните наоди од националната проценка на влијанието на Законот за младинско учество и младински политики. Беа отворени и прашања поврзани со улогата на младинските организации и националните стратешки насоки за подобрување на положбата на младите.

Настанот беше организиран од Про Локал, а проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас.

Continue Reading

Република

Прекин со водоснабдувањето во дел од Тетово поради дефект со електрична енергија

jkp tetovo

Ги информираме жителите на населбата 146 дека, поради прекин на електричната енергија, бевме принудени да го прекинеме снабдувањето со вода за пиење од филтер-станицата. Снабдувањето ќе биде повторно воспоставено веднаш по санирањето на дефектот од страна на ЕВН.

Ви благодариме за разбирањето.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг