19-годишник уапсен во Тетово поради предизвикување пожар

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М. (19) од Скопје, кој привремено живее во Тетово, откако бил затекнат додека палел кабли и предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул. „Маршал Тито“.

Пожарот бил брзо изгаснат со интервенција на Тетовската противпожарна единица, а С.М. е задржан во полициска станица. По завршување на истражните активности, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.