Карлеуша мораше да биде евакуирана од концертот во Лозница поради протестирачи

Српската пејачка Јелена Карлеуша вечерва требаше да настапи на платото пред стадионот „Лагатор“ во Лозница. Група активисти „Не даваме Јадар“ и дел од граѓаните успеаја да упаднат на концертот и да го прекинат, изразувајќи силен револт кон нејзиниот настап.

Полицијата, опремена за справување со демонстрации, интервенираше и ја евакуираше Карлеуша до автомобилот, додека протестирачите ѝ упатуваа навреди и погрдни зборови.

Настапот се одржа во контекст на подолгиот конфликт во Србија околу поддршката на претседателот Александар Вучиќ, а Карлеуша е позната по својата јавна поддршка на Вучиќ.