Connect with us

Република

Лишени од слобода возачи од Битола и Скопје, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

На 14.08.2025 во 23:51 часот во Битола, полициски службеници од ПС за БПС Битола го лишиле од слобода Г.Г. (50) од Битола. При вршење увид на сообраќајна незгода во која учествувал Г.Г. управувајќи патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Денеска (15.08.2025) во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(49) од Скопје. При вршење увид на сообраќајна незгода на ул. „Коце Металец“ во Скопје, во која учествувал М.Ј. управувајќи патничко возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Advertisement

Република

Шестоседот на Попова Шапка од денес повторно во функција

Жичницата шестосед на Ски центарот Попова Шапка од 26 декември, ќе биде отворена за прошетки и скијачки активности, соопштија од центарот. Сепак, за целосно уживање на ски-патеките се очекуваат свежи снежни врнежи кои ќе го овозможат официјалното отворање на зимската сезона.

„Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства“, велат од Ски центарот Попова Шапка.

Климатските услови засега остануваат стабилни, но скијачката заедница со нетрпение ја очекува првата сериозна снежна покривка.

Continue Reading

Република

Тоневски: Ново кошаркарско игралиште за учениците во Злетово

Заврши асфалтирањето на кошаркарското игралиште во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово. Со овој зафат е создадена основата за целосно уредување на спортскиот простор кој ќе биде наменет за учениците и младите од населбата.

По стабилизирање на временските услови, предвидено е поставување мултифункционална спортска подлога, нови кошеви, клупи за одмор, како и уредување на пристапни патеки до теренот.

Проектот е финансиран од страна на ООУ „Браќа Миладиновци“, во соработка со Општина Пробиштип.

Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека вложувањата во спортската инфраструктура се директна инвестиција во здравјето и правилниот развој на децата, нагласувајќи дека општината ќе продолжи со поддршка на вакви проекти во сите населени места.

Continue Reading

Република

Повеќе села во тетовско утре ќе останат без електрична енергија

evn

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре (26 декември) без струја ќе останат делови од повеќе села во тетовскиот регион.

Според најавата, прекинот е планиран во периодот од 09:00 до 14:00 часот во селото Желино, и тоа објектите од центарот кон Горната џамија. Во истиот временски интервал без електрична енергија ќе бидат и делови од селото Гајре, особено објектите во близина на џамијата.

Во селото Ново Село (Желино) прекинот ќе трае од 09:00 до 14:30 часот и ќе ги опфати објектите на влезот во селото, кај училиштето, како и објектите кон горниот дел од селото.

Исто така, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат и делови од селото Групчин, додека во селото Цепчиште прекинот е најавен од 09:00 до 14:00 часот.

Надлежните служби апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски и да имаат разбирање додека траат планираните работи на мрежата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг