Connect with us

Економија

МБИ10 во благ пад од 0,08 %; Гранит и Стопанска меѓу најтргуваните

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Скопје, 15 август 2025 година – Македонската берза денес оствари вкупен промет од 30.732.671 денари. Индексот МБИ10 се намали за 8,72 поени (-0,08 %) и се затвори на ниво од 10.484,16 поени. Индексот на обврзници ОМБ остана непроменет на 127,48 поени. Тргувањето се одвиваше со засилена ликвидност, при што доминираа акциите на Комерцијална банка, Гранит и Стопанска банка Скопје. Поголем дел од индексните издадатели забележаа симболични промени, што доведе до минимален пад на МБИ10.

Најтргувани акции

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет: 17.097.600 денари, цена: 28.400 ден., промена: +0,31 %

● Гранит АД Скопје (GRNT) – промет: 1.740.000 денари, цена: 1.740 ден., промена: 0,00 %

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – промет: 1.590.570 денари, цена: 2.880 ден., промена: +0,20 %

Топ 3 добитници на денот

● Фершпед АД Скопје (FERS) +3,70 %

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) +1,16 %

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,31 %

Топ 3 губитници на денот

● Реплек АД Скопје (RLP) –0,63 %

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,38 %

● Стопанска банка Битола АД Битола (STBB) –0,20 %

Обврзнички пазар

Не беа евидентирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана непроменет, што сигнализира стабилност и низок интерес кај инструментите со фиксен принос.

Сесијата на 15 август беше обележана со засилен промет, особено во банкарскиот сектор. Комерцијална банка, со над 17 милиони денари промет, беше апсолутен лидер на денот. И покрај зголемената активност, индексот МБИ10 забележа минимален пад поради умерени корекции кај неколку сини чип-акции.

Advertisement

Економија

Рударските комплекси Бучим и Боров Дол и официјално сеприсоединија

 Радовиш, 9 декември 2025 – Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект.

Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во целост.

Присоединувањето претставува стратешки чекор што овозможува поефикасно планирање и управување со ресурсите, унапредени процеси и појасна корпоративна структура, подобрена усогласеност со меѓународните стандарди и ESG принципите, зголемена транспарентност и стабилност во работењето, како и следење на единствена долгорочна визија за развој на целиот комплекс.

Од компанијата нагласуваат дека присоединувањето не подразбира никаква промена во управувачката структура. Исто така, условите на воспоставените партнерства, договорните односи и обрвски со добавувачи, институции и другизаинтересирани страни, остануваат непроменети.

Во изминатите денови беше спроведена стандарднатаадминистративна постапка за техничкиот пренос на ситевработени во рамките на единственото правно лице. Од Бучимистакнуваат дека преносот беше изведен континуирано, без каквибило промени во работните места, правата или обврските навработените. Статусот и сите бенефиции на вработените останаанепроменети. Техничкиот пренос не влијаеше врз работнитепроцеси ниту врз редовното извршување на обврските.

“Присоединувањето на Боров Дол кон Бучим ни овозможува да работиме како единствен систем, во рамки на нашата Групација, со зајакнати операции и повисок степен на координација. Ова претставува значаен чекор кон модернизација, континуирано подобрување и понатамошно унапредување на одржливото рударство во регионот,“ изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим.

Со новата интегрирана структура, рудникот Бучим продолжува да гради стабилна, модерна и конкурентна компанија, подготвена за долгорочни предизвици и инвестициски планови.

Continue Reading

Економија

Трамп даде зелено светло за извозот на чипови на „Енвидиа“ во Кина, но дел од профитот сепак ќе заврши во САД

По драматични преговори зад сцената, американскиот претседател Доналд Трамп денеска направи зачудувачки пресврт во технолошката војна со Кина! Соопштено е дека, под одредени – и тоа какви – услови, тој го одобрил извозот на клучни чипови од технолошкиот гигант Nvidia за Пекинг. Овој неочекуван чекор е потврден и од кинеска страна, по директен разговор меѓу Трамп и неговиот колега, претседателот Си Џинпинг.

Договорот е вистинска бомба, особено финансиски! Како што Трамп експлозивно објави на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social), Nvidia ќе мора да префрли неверојатни 25 отсто од вкупниот промет од продажбата на овие графички процесори (GPU) – кои се столбот на развојот на вештачката интелигенција (ВИ) – директно во американската државна каса!

Станува збор за чиповите H200 од постарата серија „Хопер“ (Hopper). Иако не се најновиот крик на технологијата (Nvidia лансираше помоќна серија „Блеквел“ кон крајот на минатата година), овие GPU се сѐ уште исклучително барани и витални за кинеските амбиции во доменот на ВИ.

Извозот на американски чипови во Кина со години е централна точка на геополитичките тензии. Стравот дека овие моќни компоненти можат да бидат искористени за воени цели ги принуди и администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, а сега и Трамп, на постојани ограничувања.

Администрацијата на Бајден воведе строги ограничувања во 2022 година. Како одговор, Nvidia го дизајнираше послабиот чип H20 за да ги заобиколи американските забрани и да остане на профитабилниот кинески пазар.

Во април, Владата на Трамп изненадувачки го забрани и извозот на H20, пред да дојде до претходен договор со Nvidia, кој дозволи продажба со провизија од 15 отсто за државата.

Кинеските власти, пак, инсистирајќи домашните компании да се фокусираат на развој и употреба на локални, кинески еквиваленти. Оваа стратегија очигледно зеде данок: Nvidia реализираше само 50 милиони долари промет во Кина во третиот квартал, а за тековниот квартал не планираше никаков приход од овој пазар.

Според денеска објавените договори, американскиот технолошки гигант сега ќе може да ги нуди своите графички процесори на „овластени клиенти“ во Кина.

Од Nvidia ја поздравија одлуката на американската Влада, нарекувајќи ја „разумен баланс“ кој ќе ѝ овозможи да продолжи да работи на најголемиот светски пазар, додека истовремено ги почитува безбедносните грижи на Вашингтон.

Американската држава добива милијарди од трговијата со ВИ технологија, додека Кина добива пристап до потребните, иако не најнапредни, чипови. Ова е нова, финансиски мотивирана фаза во геополитиката на технологијата.

Continue Reading

Економија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот буџет гарантира стабилни финансии и повисок економски раст во 2026

Расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година денеска започна во Собранието, при што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласи дека документот претставува „јасна економска порака за стабилност, доверба и развој“. Таа истакна дека новиот буџет обезбедува континуитет на макроекономската стабилност, фискална консолидација и отвора простор за повисок економски раст.

Според проекциите, БДП наредната година треба да порасне за 3,8 проценти, додека инфлацијата е планирана на 2,5 проценти. Вкупните приходи се планирани на 374,9 милијарди денари, расходите на 414,2 милијарди денари, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 39,2 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

Министерката пред пратениците рече дека буџетот се темели на реални економски параметри и дека обезбедува навремено сервисирање на сите обврски, вклучително и отплатата на еврообврзницата. Таа додаде дека фокусот е на инфраструктурата, човечкиот капитал и поттикнување на продуктивноста во домашната економија.

„Овој буџет не е само документ со бројки – тој е потврда за одговорно управување со јавните финансии. Покажуваме дека може да се обезбеди стабилност без популизам и без краткорочни калкулации“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Во матичната Комисија за финансирање и буџет беа поднесени околу 200 амандмани, од кои шест беа прифатени. Со нив се обезбедуваат дополнителни средства за кадровско зајакнување на ОТА, реконструкција на натпатникот Штип–Чардаклија, отворање психосоцијални центри за млади, опремување на службите за итна помош и уредување на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар.

Пратениците по скратена постапка го прифатија и донесувањето на законот за извршување на буџетот за 2026 година, како и измените на законите за административни службеници и стручна обука во јавниот сектор.

Во тек е експозето на министерката за финансии пред пратениците.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг