Пожарот во близина на Јажинце повторно е надвор од контрола. Екипите се на терен и се обидуваат да го ограничат ширењето на огнот, додека ветерот дополнително ја отежнува ситуацијата. Засега нема извештаи за повредени, но властите апелираат до граѓаните да ги следат предупредувањата и да се воздржуваат од приближување кон погоденото подрачје.
