Германците, некогаш познати како љубители на готовина, сè повеќе се свртуваат кон плаќање со картички, покажува нова студија на порталот Verivox.
Во јуни 2023 година, 53% изјавиле дека при купување од 20 евра во странство (во еврозоната) би платиле со готовина. Денес тој удел паднал на само 34%.
И во Германија ситуацијата се сменила – 51% од граѓаните претпочитаат да плаќаат со дебитна или кредитна картичка. При патувања, таа навика е уште поизразена: 55% користат картички во рамките на еврозоната, а над 56% надвор од неа.
Истражувањето е спроведено во август од институтот Innofact, на репрезентативен примерок од 1.031 лице на возраст од 18 до 79 години.
