Голем пакет на акции на Тиквеш ќе се продава на берзанска аукција

Македонската берза соопшти дека во среда, преку јавна берзанска аукција, ќе бидат понудени на продажба 10.646 обични акции од винаријата „Тиквеш“ АД Кавадарци, што претставува 3,94% од основната главнина на компанијата.

Акциите ќе се продаваат со почетна цена од 10.596 денари по акција, според моделот „сè или ништо“.

Продажбата се спроведува на барање на „Еурохаус“ АД Скопје.