[ВИДЕО] Турбулентна ноќ во Србија: Ракети во Белград, Карлеуша евакуирана од концерт

Со слоганите „Ние не сме вреќи за удирање“ и „Ги натеравте децата да клекнат пред нас, затоа народот ќе застане за вас“, протестите синоќа продолжија низ повеќе српски градови.

Во центарот на Белград беа фрлани ракетни факели, а жандармеријата се прегрупираше и се качи на оклопни возила. Репортерка на Н1 јави дека огнометите експлодирале буквално под нозете на полицијата, додека кон нив летале шишиња и предмети. Според првичните информации, најмалку едно лице е повредено.

Немири имаше и во Лозница, каде полицијата во опрема за нереди ја евакуираше пејачката Јелена Карлеуша од концерт, откако група граѓани протестираа и се обидоа да се приближат до сцената.