Connect with us

Република

Николоски: Забрзана изградба на автопатот Охрид–Кичево, пуштена во употреба клучката кон Албанија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека со засилено темпо продолжуваат градежните работи на автопатот Охрид–Кичево.

„Ги решаваме проблемите од минатото и работиме забрзано. Во функција е пуштена клучката што ги поврзува Охрид и Струга со Албанија, што претставува значаен чекор во подобрувањето на регионалната инфраструктурна поврзаност,“ објави Николоски на Фејсбук.

Тој додаде дека изградбата на автопатот е еден од приоритетните проекти на Владата, со цел олеснување на сообраќајот и зајакнување на економските врски во регионот.

Advertisement

Република

Лажни дојави на бомби: како се обезбедуваат училиштата во Македонија

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека лажни дојави на бомби се забележани во повеќе градови и дека секогаш се постапува согласно антитерористички протоколи, без разлика дали дојавата е во училиште или на друго место со поголем број граѓани.

Министерката за образование и наука, Јаневска, истакна дека упатството за постапување по дојави на бомби е доработено и доставено до сите училишта, но МОН нема прецизна информација како се спроведува на терен. Таа посочи на несоодветна комуникација помеѓу врвните институции и локалните структури, додавајќи дека обврски имаат и градоначалниците и директорите на училиштата, особено во делот на евакуацијата и превозот на учениците.

„Сакам да ве уверам дека постапуваме согласно стандарди и протоколи како и останатите европски земји, делуваме превентивно и со целосна грижа за безбедноста на граѓаните, особено на децата“, изјави Тошковски. Тој додаде дека при појава на проблеми, тие се решаваат во најбрзо време и дека безбедноста на учениците останува прв приоритет.

Министерот потенцираше дека МВР сега многу поефикасно се справува со лажните дојави и дека максимално се преземаат сите дејствија во надлежност на министерството.

Continue Reading

Република

Намалена видливост поради магла: внимателно на овие патишта

Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со претежно суви коловози, додека надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува возачите да се движат со прилагодена брзина, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони.

Посебна внимателност се советува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Република

Проданоски: Прилеп добива новогодишен базар по европски пример

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска ја објави програмата за годинашното издание на „Прилепска празнична приказна“, манифестација која оваа зима ќе донесе празнична атмосфера, светлина, музика и заедништво во градот.

Проданоски изрази посебна благодарност за учеството и коорганизацијата на реномираната општествено одговорна компанија Витаминка, која следната година ќе одбележи 70 години постоење, нагласувајќи дека ваквите партнерства меѓу локалната самоуправа и домашните компании носат конкретни и видливи придобивки за граѓаните.

Во рамки на новиот, а сепак традиционален концепт, за првпат ќе биде организиран и Новогодишен базар со седум големи дрвени, празнично уредени куќарки, во кои ќе се нудат храна, пијалоци и ракотворби, создавајќи атмосфера по примерот на големите европски новогодишни базари.

Културно-уметничката и музичката програма, како и Новогодишниот базар, ќе бидат отворени секој работен ден од 17:00 до 21:00 часот, а за време на викендите посетителите ќе можат да уживаат во целодневна програма.

Градоначалникот упати покана до сите прилепчани и граѓани од целата држава да бидат дел од празничната магија, нагласувајќи дека Прилеп заслужува убава празнична приказна и заеднички моменти исполнети со насмевки и позитивна енергија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг