Тетовско село утре ќе биде без електрична енергија

На 19 август 2025 година (вторник), дел од селото Цепчиште во Тетовско ќе остане без електрична енергија поради планирани технички зафати на мрежата.

Прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати објектите што се наоѓаат кај малите гробишта во селото.

Според најавата, снабдувањето со струја ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работите.