Connect with us

Магазин

Чешка ја крева брзината на автопатите на 150 km/h – прва земја во ЕУ со ваков експеримент

Чешка стана првата земја во Европската унија која ќе тестира зголемување на максималната брзина на автопатите од 130 на 150 километри на час.

Нови електронски сообраќајни знаци веќе се поставени на делницата од 50 километри на автопатот D3 меѓу Табор и Ческе Будјевице, а пилот-проектот официјално започнува кон крајот на септември.

За разлика од Германија, каде што голем дел од автопатите немаат ограничување на брзина, во Чешка стандардно важи лимит од 130 km/h. Новиот систем ќе овозможи возење со 150 km/h, но само при добри временски услови и непречен сообраќај. Доколку има дожд, снег или мраз, брзината автоматски ќе се намали за 20 km/h.

Проектот чини 2,2 милиони евра и вклучува поставување на 42 паметни сообраќајни знаци. Чешките власти планираат проширување на режимот и на други делници, меѓу кои автопатите D1 кон Острава и D11 кај Храдец Кралове.

Иако возачите на оваа делница ќе заштедат само околу три минути, властите нагласуваат дека безбедноста останува приоритет.

Со ова зголемување, Чешка ќе стане втората „најбрза држава“ во Европа, веднаш по Германија. Во Бугарија, Полска и Турција лимитот е 140 km/h, додека во останатите европски држави максимално дозволената брзина е 130 km/h или помалку.

Искуствата од други земји покажуваат различни резултати: Австрија го стопираше тестот со 140 km/h поради еколошки причини, додека Холандија повторно воведе побрзо возење на дел од автопатите во април оваа година.

Advertisement

Магазин

Transmission – Музичка вечер со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.

20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов преку проектот Transmission ги сплотуваат традиционалното и модерното преку звукот на тапанот и електронската музика.

Составен од два дела, првиот посветен на нивните херои од детството Никола Бадев, Кирил Манчевски и Зафир Хадџиманов во придружба на единствената Тања Царовска, додека вториот ќе раскаже еден понов период на творење осврнат кон електронската музика, која некои љубители, познавачи и издавачи ја означуваат како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.

Музика во живо со: ХАЏИМАНОВ – ЦАРОВСКА – ПЕТРОВ – ВАСИЉЕВИЧ – ШАРЕВСКИ

Почеток во 20 часот, во Станица 26 na 24 Dekmvri

Картите по цена од 1000 денари се продаваат во THREE BAR & KITCHEN, Soma и Чашка

Continue Reading

Магазин

Светот на диетите се менува: Пристигнува првата таблета за слабеење

vaga

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот лек за слабеење во облик на таблета, означувајќи значајна пресвртница во третманот на прекумерната телесна тежина. Информацијата ја објави данската фармацевтска компанија Novo Nordisk, производителот на лекот.

Новата таблета се зема еднаш дневно, а според компанијата, дава ист ефект како досегашната неделна инјекција. За разлика од други лекови за слабеење кои првично биле создадени за пациенти со дијабетес тип 2, овој лек е од почеток развиен исклучиво за губење на тежината.

Клиничките испитувања со приближно 1.300 учесници покажале импресивни резултати: во просек, корисниците изгубиле 16,6% од телесната тежина, додека околу една третина од нив успеале да намалат дури 20% или повеќе. „Пациентите ќе добијат практична таблета што се зема еднаш дневно и може да помогне да се изгуби исто толку тежина како и со оригиналната инјекција“, изјави извршниот директор на компанијата.

Очекувањата се дека таблетата ќе се појави на американскиот пазар почетокот на јануари 2026 година. Одобрувањето веднаш предизвика позитивен шок на берзата – акциите на Novo Nordisk пораснаа речиси 10% по затворањето на тргувањето во Њујорк.

Во Европа, лекот сè уште е достапен само како неделна инјекција и тоа со лекарски рецепт во одредени земји. Таблетата за европскиот пазар сè уште не е одобрена, а регулаторната одлука се очекува најрано во втората половина на 2026 година.

Continue Reading

Магазин

Мега забавен парк од 1,1 милијарда долари „Дракула Ленд“ се отвора во Романија

drakula park

Романија ја трансформира својата најпозната легенда во глобална туристичка атракција. Во близина на Букурешт е потврден изградбата на „Дракула Ленд“, мега-забавен комплекс вреден 1,1 милијарда долари, кој ќе биде целосно финансиран од приватни инвеститори.

На површина од 192 акри, новиот мега-парк ќе понуди над 40 атракции распоредени во шест тематски зони, инспирирани од легендата за Дракула и богатиот романски фолклор. Но „Дракула Ленд“ нема да биде само забавен парк – проектот предвидува луксузни хотели, арени за е-спорт, огромни концертни и шоу-простори, како и содржини за дневни и ноќни активности, привлекувајќи туристи од целиот свет.

Со оваа амбициозна инвестиција, Романија се стреми да создаде целосна туристичка дестинација што ќе се натпреварува со најпознатите европски тематски паркови. Изградбата е закажана да започне во септември 2026 година, а отворањето се планира веќе во 2027 година, доколку се следи планираниот ритам.

Со овој проект, Романија не само што сака да го оживее својот најпознат мит, туку и да се позиционира како една од водечките забавни и туристички дестинации во Европа, привлекувајќи милиони посетители секоја година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг