Нова трагедија ја потресе Македонија: Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Тешка сообраќајна несреќа се случи на 18 август 2025 година во 13:09 часот, на патниот правец Битола–Ресен, во близина на месноста Слечиште. Во несреќата учествувале две патнички возила – „мерцедес“ со странски ознаки, управуван од 52-годишен маж од Битола со живеалиште во Германија, и „опел“ со охридски регистарски таблички, во кое се превезувале две лица на возраст од 20 години, двајцата од Охрид. Возачот на „мерцедесот“ починал на самото место на несреќата, додека едно од двете момчиња од возилото „опел“ им подлегнало на повредите во Клиничката болница во Битола. За случајот информираше портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.