На магистралниот пат Охрид–Кичево, кај селото Ботун, вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа четири возила – три патнички автомобили и едно товарно возило.
Сударот се случил меѓу „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски таблички, „мицубиши“ со скопски ознаки, „рено“ со охридски ознаки и камион „ман“ со приколка „кроне“.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „мицубиши“ (74) од Скопје и неговата сопатничка (71), додека полесни повреди добила патничка во „рено“.
Сите повредени веднаш биле пренесени и згрижени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата и работи на утврдување на причините за судирот.
