Connect with us

Црна Хроника

Полицијата во акција – Откриено оружје и муниција, има уапсени

Тројца жители на Штип се лишени од слобода откако во нивниот дом биле пронајдени три автоматски пушки и муниција. Како што соопшти СВР Штип, на 19 август во 18:30 часот полициските службеници ги привеле Е. Д. (21), Н. Р. (38) и 26-годишната В. М.

При претресот на домот на Е. Д., каде биле затекнати Н. Р. и В. М., полицијата пронашла и одзела три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, пет метални рамки со по 30 куршуми и две метални рамки со по 20 куршуми калибар 7,62 милиметри.

СВР Штип информира дека против приведените ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Advertisement

Црна Хроника

Разбојници од жени во Скопје украле чанта и паричници

policija

Две разбојнички кражби, со примена на сила од страна на крадците, се случиле вчера и ноќеска во Скопје.

Како што соопшти СВР Скопје, ноќеска во 1 часот Е.М.(61) од Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со паричник со лични документи, пари и два мобилни телефона.

Исто така, вчера во 13:50 часот во СВР Скопје, О.Т.(64) од Скопје пријавила дека 20-тина минути претходнона подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник со пари и лични документи.

СВР Скопје вели дека се работи на решавање на случаите.

Continue Reading

Црна Хроника

Инцидент на „Маршал Тито“ во Тетово: Уапсен 18-годишник поради агресивно однесување кон полицијата

policija tetovo

На 18.12.2025 во 12:15 часот на ул. ,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го приведоа А.Џ.(18) од с.Боговиње, тетовско, затоа што се однесувал агресивно кон нив додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата му стави лисици: Баран за тешки кривични дела конечно уапсен

Лишено од слобода лице барано по потерница за издржување казна затвор

Вчера (18.12.2025), во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.

Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.

По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг