Connect with us

Црна Хроника

Мрежа на корупција: Полицајци земале пари за да овозможат незаконски престој на странци

Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт против шест полициски службеници и две цивилни лица, осомничени за корупција и злоупотреба на службената положба во рамки на граничната полиција.

Според обвинението, дел од полицајците во соработка со цивилни посредници примале пари за да овозможат незаконски престој или заминување на странски државјани од Македонија. Со ваквите дејствија, како што наведува Обвинителството, бил загрозен безбедносниот систем на државата и нанесена штета на Буџетот.

Во еден од случаите, првообвинетиот заедно со уште две лица влијаел врз полициски службеници да не извршат службени дејствија. За посредувањето добиле 900 евра, а на турски државјанин му било незаконски овозможено добивање дозвола за привремен престој.

Друг полицаец, вработен на граничниот премин Долно Блаце, е обвинет дека побарал и примил поткуп од 3.000 денари за да дозволи престој на турски државјанин. Двајца негови колеги, пак, злоупотребиле патна исправа и регистрирале фиктивен влез во државата, што било услов за одобрување на престој.

Меѓу случаите опфатени во обвинението има и државјани на Бангладеш и Непал. Виш инспектор за странци и реадмисија, и покрај негативни безбедносни извештаи од Агенцијата за национална безбедност, незаконски одобрил привремен престој на седум лица.

Истражната постапка започна во мај годинава, кога беа приведени 11 лица. Во меѓувреме, против едно лице постапката е запрена, против две е отфрлена кривичната пријава, едно лице е во екстрадиционен притвор во Србија, а по друго е распишана меѓународна потерница.

Advertisement

Црна Хроника

Кривична пријава за бизнисмен од Тетово – МВР со детали

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово, Б.И.(45) управител на правното лице и А.И.(48), двајцата од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. На 10.10.2025 на ул.„29 Ноември“ во Тетово, додека третопријавениот изведувал градежни работи за правното лице со работна машина-багер, ги потфатил подземните високо напонски електрични кабли и оштетил два кабли кои пренесувале електрична енергија од главната централа во Тетово до долните населби во Тетово и повардарските села на општина Желино и оштина Јегуновце, кои останале неколку часа без електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Украдени 65.000 евра и злато во Македонија – полицијата уапси три млади жени!

Вчера во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. 

Подоцна, од слобода била лишена и Н.И.(24) од Тетово. Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот. 

Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Државјанин на Албанија уапсен на Ќафасан за обид за поткуп

Полициски службеници на МВР на 21 декември 2025 година околу 09:10 часот на граничниот премин Ќафасан го лишија од слобода Е.К. (53) од Република Албанија.

Како што информираат од МВР, при вршење пасошка и гранична контрола, лицето му понудило поткуп на полициски службеник, оставајќи пари на бирото, по што веднаш било приведено.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 358 од Кривичниот законик.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг