[ВИДЕО] Каменуван автобус со српски туристи во Солун

Автобус со 38 српски туристи бил нападнат синоќа на автопатот Егнација, во близина на Солун.

Според грчките медиуми, група од четири лица, најверојатно малолетници, фрлала камења кон возилото, при што биле скршени неколку прозорци.

Во инцидентот полесно повредени се двајца патници и еден од возачите. Полицијата привела две лица, но поради недостиг на докази тие биле ослободени.