Connect with us

Економија

Денеска се отвораат понудите за третиот мобилен оператор во Македонија

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска се отвораат понудите од тендерот за доделување фреквенции за третиот мобилен оператор во државава. Одлуката за избор на понудувачите кои ќе учествуваат во јавното наддавање треба да биде донесена во рок од 10 дена, по што ќе се утврдат местото и времето на наддавањето, кое мора да се одржи најмалку 14, а најмногу 30 дена од носењето на одлуката.

Јавното наддавање ќе се одржи доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи. Новиот оператор, доколку влезе на пазарот покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“, ќе треба да обезбеди конкурентни услуги и балансирани цени за да преземе дел од пазарот.

Професорот Тони Јаневски од ФЕИТ истакна дека влезот на нов мобилен оператор ќе значи поголема конкуренција и подобра понуда за граѓаните и бизнисите, но предупреди дека предизвик ќе биде изградбата на сопствена инфраструктура и одржувањето на висок квалитет на услугите.

АЕК предвидува доделување на три фреквенциски опсези:

А1: 703-713/758-768 MHz (2×10 MHz) Б1: 1775-1785/1870-1880 MHz (2×10 MHz) Ц1: 3.5-3.6 GHz (1×100 MHz)

Почетните цени се движат од 1,5 до 4,2 милиони евра, а критериум за избор ќе биде висината на еднократниот надомест.

Интерес за учество имаат изразено „ONE Македонија Телекомуникации“ (регистрирана од унгарската компанија „4iG“), „Битстрим Мобиле“ и „е& ппф Телеком Груп Б.В.“.

Со евентуалното воведување на трет мобилен оператор, според експертите, македонскиот телекомуникациски пазар може да добие дополнителен поттик за развој и дигитализација.

Advertisement

Економија

Трезорот продолжува со редовни исплати – субвенции, плати и капитални расходи реализирани

Министерството за финансии информира дека трезорот продолжува со редовна исплата на налозите доставени од буџетските корисници до 15 декември 2025 година.

Во изминатите неколку денови преку трезорот се реализирани средства за субвенции за зелена нафта, овчарство, капитални проекти на коридорите 8 и 10 Д, исплата на две транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, како и средства за примарна здравствена заштита и други тековни налози.

Дополнително, во текот на минатата недела се реализирани и средства за проекти за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување, како и поврат на придонеси кон заштитни организации, се наведува во соопштението од Министерството.

Continue Reading

Економија

100 возила за „Македонска пошта“: Подобрување на услугите и заштита на државниот капитал

„Македонска пошта“ ќе добие 100 нови возила како донација од Владата, што ќе ја подобри достапноста и квалитетот на поштенските услуги низ целата земја. Од вкупниот број, 90 ќе бидат помали комбиња, а 10 големи комби возила, наменети за поголема оперативна ефикасност.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на јавниот состанок на Агенцијата за пошти истакна дека целта е заштита и развој на државниот капитал, како и подигање на квалитетот на услугите кон граѓаните. Тој најави законски измени и консултации со сите чинители на поштенскиот пазар за унапредување на условите за работа во „Македонска пошта“.

– Многу е лесно профитабилниот дел од пазарот да се земе, додека „Пошта“ ја носи целата општествена одговорност. Ситуацијата мора да се промени – потенцира Николоски, нагласувајќи дека целта е државната компанија да се издигне, а не да пропаѓа.

Тој посочи дека Агенцијата за пошти има клучна улога во регулацијата на пазарот, заштитата на конкуренцијата и правата на корисниците. Во моментов на пазарот се регистрирани 29 правни лица, што укажува на висока конкуренција.

– Со новите мерки ќе се работи на зголемување на ефикасноста на услугите преку намалување на трошоците до 15 проценти и подобрување на индикаторите за профитабилност за ист процент – додаде Николоски.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Две децении стабилност – благодарност до сите генерации на МЕПСО

На настанот, Сања Божиновска со почит ја прими благодарницата како признание за партнерството со МЕПСО, нагласувајќи дека најголемото достигнување на еден преносен оператор е кога системот функционира тивко, сигурно и без прекини.


„Зад таа тишина стојат генерации инженери, диспечери и техничари кои 24 часа дневно, без пауза, го одржуваат балансот на електроенергетскиот систем на државата“, истакна Божиновска.


Таа нагласи дека преносната мрежа претставува еден од клучните столбови на државниот суверенитет и дека без силна и стабилна инфраструктура не може да се реализира зелената транзиција, интеграцијата на нови обновливи извори, ниту европската интеграција во енергетиката.
„Инвестициите, модернизацијата и дигитализацијата на МЕПСО се наш стратешки приоритет“, порача Божиновска, додавајќи дека континуираниот развој на преносната мрежа е предуслов за сигурен, одржлив и конкурентен енергетски систем.


Во рамки на одбележувањето на јубилејот беше упатена благодарност до сите вработени и поранешни генерации кои две децении ја чуваат стабилноста и хармонијата на електроенергетскиот систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг