Магазин
Од здравје до стил: Galaxy Watch8 е твојата нова животна навика!
Најтенкиот Samsung Galaxy Watch досега, Galaxy Watch8 е тука за да направи промена. Сега, храбро преосмислен – од популарниот нов дизајн со заштитни перничиња до динамичниот систем на дршки за ремчиња, што го прави пријатен и удобен за носење а истовремено испорачувајќи моќни перформанси со помош на процесорот од 3 nm. Искуси проактивен тренинг за спиење, трчање и холистичко здравје, што ги обединува интелигенцијата и индивидуалноста. Извлечи го најдоброто со помош на Galaxy AI и целосно ново искуство со One UI.

Твое здравје, твој приоритет!
Galaxy Watch8 е опремен со револуционерниот BioActive сензор, кој има три иновативни технологии: оптички и електричен монитор за срце, како и Bioelectrical Impedance Analysis (BIA) за мерење на телесната композиција. Овие функции ти овозможуваат детално следење на телесната маса, мускулна маса, ниво на вода и телесни масти со едноставно допирање на прстот.
Здравствените сознанија што ги добиваш од Galaxy Watch8 се дополнети со уникатни индекси како Antioxidant Index, која ја мери твојата нутритивна состојба преку количината на каротеноиди во кожата, и AGEs (Advanced Glycation End-products) индексот, кој следи метаболичко здравје поврзано со исхраната и стареењето. Овие мерки ти помагаат да разбереш како твојот начин на живот влијае врз здравјето и како да направиш подобри избори што ќе те направат посилна.
За љубителите на добриот сон, Galaxy Watch8 нуди Bedtime Guidance, тој го анализира твојот ритам и те “води” до најсоодветно време за спиење и будење, за да се чувствуваш свежо и енергично секој ден. Исто така, може да открие знаци на умерена до сериозна апнеа во спиењето, со цел да се погрижиш за себе и твоето здравје.

Интелигентност што те поддржува
Искуството со Galaxy Watch8 го прави уште подобро новиот One UI 7.0 софтвер кој нуди поинтуитивен кориснички интерфејс, побрзи реакции и полесно прилагодување. Со вградената Galaxy AI, часовникот овозможува паметни препораки и автоматски прилагодувања според твоите навики и цели.
SmartThings трикот во ракавот ти овозможува да го контролираш твојот паметен дом од зглобот – вклучи ги светлата, управувај со термостатот или пушти ја омилената музика со само едно тапкање. Сите овие можности се тука да го направат твојот живот полесен и поорганизиран.

Дизајн кој е создаден за да те следи во секој момент
Galaxy Watch8 оди чекор понатаму со својот тенок и ергономски дизајн, кој сега е уште поприлагоден на обликот на твојата рака благодарение на Dynamic Lug системот. Изборот од различни големини, бои и ремени овозможува да најдеш совршен модел што одговара на твојот стил – од спортски до елегантен.
Елегантните контури на лицето на часовникот и тенкиот дизајн изгледаат софистицирано, а популарниот дизајн со заштитни перничиња додава впечатливост, создавајќи изглед што остава долготраен впечаток. Достапен во големина од 40 mm и 44 mm, во графитна и сребрена боја.
Дисплејот со висока светлина од 3.000 нити гарантира одлична видливост и под директна сончева светлина, додека батериското работење е доволно долго да те следи низ целиот активен ден.
Совршена синергија со Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7
Кога зборуваме за поврзаност мислиме на Galaxy Watch8, кој совршено е скроен да работи рамо до рамо со Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7. Со елегантна и брза поврзаност, можеш да ги управуваш повиците, пораките и апликациите директно од зглобот, без оглед каде се наоѓаш.
Движејќи се во чекор со твојата креативност, Galaxy AI и синхронизацијата помеѓу овие уреди овозможуваат продуктивност и неверојатна флексибилност. Флипни, отвори, контролирај, сè на едно место, совршено поврзано и подготвено за твојот модернен живот.
Со Galaxy Watch8 добиваш повеќе од часовник, добиваш свој личен асистент за здравје, фитнес и стил кој никогаш не се уморува и ти помага да бидеш најдобрата верзија од себе, секој ден. Поврзан со Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7, ова е твојот најсилен сојузник во динамичната игра на модерниот живот.
Магазин
САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.
Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.
„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.
Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.
ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.
Магазин
Влад Илиќ од Куманово: Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025
Во „бастионот“ на светската комедија, култниот Comedy Store во Лондон, македонското знаме симболично се развеа на највисокото скалило. Во конкуренција на дури 700 комичари од целото Обединето Кралство, на 3 декември 2025 година, Македонецот Влад Илиќ ја понесе престижната титула „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“.
По првиот голем блесок на ББС пред три години, овој успех е круна на една десетгодишна фасцинантна транзиција. Патот на Илиќ започна како актер во Кумановскиот театар, каде што под влијание на домашните мајстори како Сашко Коцев и Тони Михајловски, почна да го бруси својот талент за подоцна да се лансира меѓу светските ѕвезди.
„Среќен сум што годините поминати на сцена се крунисани со ова признание. Тоа е потврда за сиот влог, но најмногу за хуморот кој е специфичен и веќе препознаен. Она што ме издвојува е нашиот менталитет – тој уникатен македонски ген кој ни овозможува на животот да гледаме малку понесериозно и пообјективно. Можеби во фудбал секогаш ќе губиме од Англичаните, ама во хуморот не ни можат ништо!“, вели расположениот Илиќ веднаш по триумфот.
Зад блескавиот пехар стојат илјадници непроспиени ноќи, аматерски настапи во зачадени клубови и неуморно пишување материјали. Влад денес е вистински полиглот на сцената, изведувајќи ги своите шоуа на четири јазици: македонски, англиски, српски и италијански.
„Ништо не е случајно во ваков натпревар,“ објаснува тој. „Ме грее љубовта кон професијата, поддршката од семејството и гордоста што ја претставувам мојата татковина. Тој пламен е посилен од студот на овој дождлив остров.“
Покрај статуетката, Илиќ доби и парична награда од 10.000 фунти. На прашањето каде ќе завршат средствата, тој во свој препознатлив стил одговори: „Ќе ги дадам во хуманитарни цели – на братучедите.“
Магазин
Конструирање и одржливост: како Samsung Galaxy S и Z сериите предничат во оваа област
Немаме резервна планета – нашата земја и вода мора да останат чисти и просперитетни за идните генерации. Одржливоста не е избор, туку обврска. Samsung ја разбира оваа одговорност и затоа ги создаде сериите Galaxy S и Galaxy Z, кои го застапуваат овој принцип. Овие врвни паметни телефони се повеќе од најсовремени уреди; тие се доказ за развој на технологија што ја почитува нашата планета. Ајде да погледнеме како Samsung ја комбинира извонредноста во конструирањето со одржливоста во своите Galaxy S и Z серии.

Galaxy Z серијата: Иновации со еколошко срце
Моделите Galaxy Z Fold7 и Flip7 се доказ за целосната посветеност на Samsung кон одржливостa без компромис во перформансите. Еве како овие уреди се конструирани за да бидат и моќни и еколошки прифатливи:
Рециклирани материјали: Fold7 и Flip7 содржат девет рециклирани материјали, меѓу кои пластика, стакло, алуминиум, кобалт, ретки природни елементи, злато, бакар, челик и литиум. Овој пристап го намалува еколошкото влијание од производството, а истовремено го задржува врвниот квалитет.
100% рециклиран кобалт и литиум: Батериите кај моделите Fold7 и Flip7 користат 100% рециклиран кобалт и литиум, што значително го намалува еколошкиот отпечаток.
Одржлива амбалажа: Амбалажата за овие уреди е изработена од 100% рециклирана хартија, со што се елиминира потребата од пластика за еднократна употреба и се поттикнува поодржливо искуство при пакување.

Slim Actuator технологија: Slim Actuator кај моделот Fold7 овозможува камера со високи перформанси во потенок форм-фактор, гарантирајќи дека иновациите не доаѓаат на сметка на дизајнот.
Ултра-високoгустинска печатена плоча: Во моделот Flip7 се вградени компоненти со висока густина, со што максимално се искористува внатрешниот простор и се намалува отпадот од материјали.
Компактен модул на камерата: Модулот на камерата кај Flip7 е унапреден за да биде помал, а притоа да ги задржи врвните перформанси, што ја потврдува способноста на Samsung да воведува иновации на одржлив начин.
Систем со двојна батерија: Системот со двојна батерија кај Flip7 нуди зголемување од 300 mAh во споредба со претходната генерација, подобрувајќи ги перформансите, а истовремено задржувајќи компактен дизајн.

Galaxy S серијата: моќ во комбинација со цел
Серијата Galaxy S25 ја продолжува традицијата на Samsung да ги спојува најсовремените технологии со одржливите практики. Еве како серијата S25 е конструирана за да биде и моќна и еколошки прифатлива за нашата планета:
Прилагоден Snapdragon® 8 Elite чипсет: Samsung, во соработка со Qualcomm, го унапреди Snapdragon® 8 Elite чипсетот, што резултира со подобрен квалитет на екранот, поголема ефикасност и подобрени перформанси на камерата – дури и во услови на слаба осветленост.
Рециклирани материјали: Серијата Galaxy S25 содржи рециклирани материјали, меѓу кои пластика, стакло, алуминиум, кобалт, ретки природни елементи, злато, бакар и челик, со што се придонесува за поодржлив животен циклус на производите.
Циркуларен синџир на снабдување со батерии: Серијата Galaxy S25 користи рециклиран кобалт од претходно користени Galaxy уреди или од батерии отфрлени за време на производството, со што се подобрува циркуларноста и се намалува електронскиот отпад.
Користење обновлива енергија: Samsung премина на 100% обновлива енергија во осум од десет фабрики за производство на мобилни уреди, вклучително и оние во кои се развиваат компонентите за серијата Galaxy S25.
Намалување на јаглеродниот отпечаток: Моделот Galaxy S25 Ultra емитува вкупно 48,9 kg CO₂ во текот на целиот свој животен век, според пресметките направени преку системот за процена на животниот циклус на производите на Samsung.
Зошто е ова важно?
Суштината на пристапот на Samsung кон конструирањето и одржливоста не лежи само во исполнување на потребите на денешницата, туку и во обликување подобро утре. Со користење рециклирани материјали, оптимизирање на потрошувачката на енергија и намалување на јаглеродниот отпечаток, Samsung гарантира дека уредите од сериите Galaxy S и Galaxy Z не се само моќни, туку и одговорни.
Без разлика дали го истражувате иновативниот дизајн на склопливите уреди од Z серијата или модерната елеганција на S серијата, едно е јасно: Samsung е лидер во создавање технологија што е подеднакво одржлива и напредна.
Во последниот текст од оваа серија ќе се осврнеме на третиот темел на гаранцијата за квалитет на сериите Galaxy S и Z.
Трендинг
-
Црна Хроника3 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника3 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника4 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Македонија5 days agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Република1 day agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Црна Хроника15 hours agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника5 days agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница
-
Црна Хроника6 days agoПретрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица















