Ваков потпис на личната карта може да се види само во Македонија [ФОТО]

Низ социјалните мрежи се појави фотографија од потпис на млад Македонец, која брзо се прошири и на балканските страници посветени на хумор и сатира.

Меѓу младите денес често се користат изразите „флекса“ и „гасер“ – поим што означува начин на живот во кој се демонстрира самоувереност, нескромно покажување и став на „опасен лик“. Овој сленг најчесто е превземен од Србија, каде што популарно се користи фразата „у гасу“.

Според коментарите на социјалните мрежи, токму овој млад Македонец важи за човекот со „најгасерскиот“ потпис.