Денешното утро (сабота 23 август) во нашата Македонија многу посвежо!

Денешното утро (сабота 23 август) во нашата Република Македонија ни донесе значително посвежо време, а времето е ведро со умерена локална, а повремно и позначителна облачност. Особено во Повардарието засилува ветер од северен правец.

Најсвежо ова утро е во Лазарополе со измерени само 9 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во нашата Македонија. Највисока температура од 22 степени ова утро е измерена во Гевгелија, а во Скопје и околината температурата изнесува 20 степени.

МетеоАларм