Connect with us

Македонија

Перо Камиказа распали по градоначалникот Митко Јанчев: “Ти прави лимонада, ние ќе полниме арени”

Петар Георгиевски, во јавноста познат како Перо Камиказа, остро се спротивстави на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Во исто време јавно изрази поддршка за Спасен Силјановски, при што не се воздржа од критики кон Јанчев. Георгиевски потсети и на успесите на неговата група „Меморија“, истакнувајќи дека успеале да продадат 6.000 билети за концертот во арената „Борис Трајковски“.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение:

Мој, мој па преку мој господине Јанчев!

Јас и овој ликот изгледа живееме во две различни држави! Да му кажам дека Меморија продаде преку 6000 влезници во арената Борис Трајковски. Значи исто, ако не и повеќе, од сите звезди од соседтството!!! Ни еден концерт на тие звезди, не беше ни сличен по техничка опременост и креативна обработка на оние кој ги плаќате со десетици иљади евра . Нивните концерти се само гола тезга и ништо друго!!! Тука не ги мешам вкусовите и публиката, но ако кај нас имаше на десетици автобуси од цела Македонија, треба да ти кажам дека имаше и преку 500 тини нашинци кој специално со цели семејства допатуваа од разни држави од светот за да го гледаат и присуствуваат на овој спектакл. Тоа што ти си зафатен со правење лимонада и не знаеш што се случува во државата е твој проблем!!!! Значи ако платиле близу 6000 луѓе влезници, што мислиш, колку ќе дојдеа за без пари да не гледаат,а?! Но ние имавме во април сериозен проблем со здравјето на еден од членовите и ги откажавме сите настапи до август!!! Во септември ќе имаме два или три настапи, а за другото потоа!!! Прави лимунада, терај бизнис со соседите кој со сигурност не плаќаат данок во Македонија, и згора на тоа поединци блиски до вас продолжете да се товаарате со парите од даноците на граѓаните. Инаку Меморија за својот концерт плати скоро 1. 000. 000 ддв од приходот од картите, пари што вие ќе им ги дадете на соседите!!!! Затоа полна поддршка за напишаното од колегите Спасе Сиљановски и Лабе Алабаковски!!! Прави лимунада и не, ај ќе бидам пристоен….кини зелени!!!! Има и Македонија коњи за трка.Македонија вечна!!!. И да, ќе заборавев, ова не е пишано за да “помислиш“ на нас. Додека си ти градоначалник на Кавадарци, Меморија никогаш нема да свири во Кавадарци.

Advertisement

Македонија

Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка

Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!

„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.

Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.

„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.

Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.

 Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг