Утре две тетовски села ќе останат без електрична енергија

На 28 август (четврток) без електрична енергија ќе останат делови од две тетовски села поради планирани зафати во електромрежата.

Во селото Палатица, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот, а ќе биде опфатен дел од населеното место.

Во селото Добарце, електрична енергија ќе нема од 09:00 до 14:30 часот, при што ќе бидат зафатени објектите на влезот од селото.

Прекините се дел од редовните технички активности на екипите на ЕВН Македонија.