Маж од Битола се удави во Охридското Езеро

Охрид, 27 август 2025 – Во водите на Охридското Езеро е пронајден починат В.Т. (49) од Битола, соопшти ОВР Струга.

Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен во 12:55 часот. Лекар констатирал дека смртта настапила како последица на давење во вода.

Полицијата ја води истрагата за точните околности на трагичниот настан.