Connect with us

Црна Хроника

Тројца осомничени за смртоносна тепачка пред казино во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истрага против три лица осомничени дека со брутален напад предизвикале смрт на жител на градот пред казино во раните утрински часови на 27 август.

Според обвинителството, двајца 27-годишници и еден 35-годишник по вербална расправија со жртвата во казиното излегле надвор и го нападнале со боксови и клоци по главата и телото. Оштетениот се обидел да се засолни назад во казиното, но паднал во бессознание и подоцна им подлегнал на тешките повреди.

Тројцата се товарат за кривично дело „телесна повреда со смртни последици“, но обвинителството најави дека во текот на постапката ќе се обезбедат дополнителни докази и психијатриски вештачења. Доколку се утврди дека постоела намера за убиство, делото може да биде преквалификувано.

Обвинителот веќе побарал мерка притвор за осомничените, со образложение дека постои опасност од бегство, бидејќи веднаш по нападот тие избегале од местото на настанот и се засолниле во стан на еден од нив наместо да се пријават во полиција.

Advertisement

Црна Хроника

Лажел дека е туристички агент и украл 6.080 евра

Кривична пријава за измама поднел СВР Куманово против Е.Б.(33) од Куманово.

Како што соопшти полицијата, тој се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и на измама од едно лице, за резервација за летување за две семејства во Турција, зел 373 890 денари (6.080 евра), соопшти СВР Куманово.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична за багеристот што го остави Тетово без струја

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. (44) од с. Боговиње, како и против Ф.А. (45) од с. Боговиње, управител на правен субјект, товарејќи ги за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 29 септември, првопријавениот во дворот од Клиничка болница Тетово, додека работел со багер во сопственост на правното лице, оштетил електрични кабли за струја, по што, голем дел од градот Тетово останал без електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Интервентната полиција приведе тежок криминалец – МВР со детали

Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување казна затвор

Денеска (18.12.2025) во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода Е.Т. (26) од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.

По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг