Connect with us

Економија

Министерството за енергетика: Новиот Закон за рударство ќе биде транспарентен и усогласен со европските стандарди

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) соопшти дека транспарентноста и вклученоста се основа на подготовката на новиот Закон за рударство. Нацрт-текстот беше објавен на платформата ЕНЕР уште во рана фаза, овозможувајќи јавен увид и учество на сите засегнати страни.

Јавната расправа траеше 30 дена и заврши на 28 август 2025 година, а во тој период пристигнаа голем број предлози и забелешки од компании, институции, експерти и граѓани.

„Јавната расправа ни овозможи вредни препораки за Нацрт-законот. Сега започнуваме со фазата на усогласување, каде детално ќе ги разгледаме сите предлози и ќе организираме средби со оние кои се изјасниле за текстот. Нашата цел е закон кој обезбедува заштита на животната средина, висока безбедност при работа и предвидлива инвестициска рамка,“ изјави министерката Сања Божиновска.

Од Министерството истакнуваат дека ќе бидат прифатени сите конструктивни предлози во интерес на државата и граѓаните, со цел креирање на современа и правична рамка за развој на рударството.

Финалниот закон, според најавите, ќе донесе одржлива експлоатација на минерални суровини според европски стандарди, засилена контрола и транспарентност во процесите, задолжителни мерки за рекултивација и заштита на локалните заедници, како и јасна регулатива за сите учесници во секторот.

Министерството нагласува дека ќе има нулта толеранција за прекршувања, со фокус на безбедноста, заштитата на животната средина и добросостојбата на граѓаните.

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading

Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18% во однос на одлуката од 19.12.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,028 ден/кг и сега ќе изнесува 32,607 ден/кг.

Од 23.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,607 (денари/килограм)

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг