Connect with us

Република

(ГАЛЕРИЈА) Свечено откривање на споменикот на војводата Александар Турунџев во Битола

Со голема свеченост и поворка исполнета со историска симболика, вчера во Битола беше откриен споменикот на македонскиот револуционер и војвода Александар Турунџев.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со потомците на семејството Турунџиеви, во присуство на бројни битолчани и гости, го открија споменикот на војводата токму на денот на неговата погибија, пред 120 години.

На свеченоста ѝ претходеше поворка низ градските улици, која започна пред ОУ „Ѓорги Сугарев“, местото каде Турунџев бил затворен. Македонското знаме го развиорија млади момчиња во комитска носија, членови на КУД „Илинден“, а поворката беше предводена од коњаницата „Костурска чета“. Настанот беше збогатен со настапи на групата „Љубојна“, младите зурлаџии и тапанџии од АФ „Гоце Делчев“, како и блех-оркестар.

Граѓаните масовно се приклучуваа на поворката која минуваше низ Плоштад „Магнолија“, покрај реката Драгор, до Ат Пазар – местото на погибието на Турунџев, сè до новиот кружен тек каде што е поставен споменикот.

Свечениот дел продолжи со изведба на македонската химна од правнуката на војводата, пејачката Сузана Турунџиева, а оперскиот пејач Игор Дурловски, во аранжман на Николче Мицевски, ја отпеа песната посветена на Турунџев – „Црно му било пишано“.

Advertisement

Република

Во Битола свечено отворен почесен конзулат на Австрија

Со пригодна свеченост денеска во Битола беше отворен конзулатот на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски.

Конзулатот на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“ во Битола.

На свеченоста која се одржа се обрати австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, конзулот Игор Божиновски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Градоначалникот Коњановски пред присутните ја истакна важноста на отворањето на уште еден конзулат во Битола, а со тоа и интензивирање на соработката со Австрија.

„Битола од денеска е побогата за уште еден конзулат, сега од пријателската држава Австрија, со што го враќаме епитетот Битола конзулски град“ истакна Коњановски пред присутните гости, дипломатскиот кор, пратеници и други гости.

Со ова Битола има седум почесни и два генерални конзулати.

Continue Reading

Република

Битола го одбележа Денот на својот заштитник: Литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битолски

Со света архиерејска литургија и свечена литија, денес во Битола беше одбележан Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на градот. Верници од Битола се собраа во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, каде што се одржа Светата Божествена Литургија во чест на преподобниот Нектариј, кој се упокоил на 5 декември 1500 година.

На литургијата присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, заедно со бројни верници.

По завршувањето на богослужбата, голем број присутни верници пристапија кон Светата Причест. Потоа, согласно долгогодишната традиција, низ повеќе битолски улици се одржа свечена литија, во која учествуваа бројни граѓани.

По повод празникот, градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до битолчани, посакувајќи Свети Нектариј Битолски постојано да биде нивен духовен заштитник и водилка.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполнуваме со љубов, меѓусебно почитување и добрина, вредности со кои ќе ја градиме иднината на Битола и на генерациите што доаѓаат“, порача градоначалникот Коњановски.

Continue Reading

Република

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД ТЕТОВО И СЕЛОТО ДОБРОШТЕ

Утре, 19 декември 2025 година, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од град Тетово и едно тетовско село.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците на улица 114 кај СИЗ во Тетово.

Во исто време, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од селото Доброште, поточно објектите кои се наоѓаат во близина на старата џамија.

Од надлежните информираат дека прекинот е поради планирани интервенции со цел подобрување на сигурноста на електроснабдувањето.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг