Ѓорческа со убедлива победа во првото коло во Романија

Лина Ѓорческа го започна турнирот во Слобозија со сигурен триумф, совладувајќи ја Романката Симона Огеску со 6-3, 6-2 по 88 минути игра. Македонската тенисерка, која е трета носителка и моментално 282. на ВТА-листата, со ова обезбеди пласман во второто коло.

Утре од 9 часот Ѓорческа ќе се сретне со уште една домашна натпреварувачка, 21-годишната Бјанка Барбулеску, 591. на ВТА-листата.