(ВИДЕО) Тројца маскирани со запалива течност подметнаа пожар во маркет во Скопје

Синоќа три маскирани лица се обиделе да запалат маркет во населбата Скопје Север, фрлајќи шишиња со запалива течност.

Од нападот е причинета материјална штета, но за среќа нема повредени лица.

Инцидентот е забележан од безбедносните камери. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за идентификација на сторителите и целосно расчистување на случајот.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДМЕТЕ ТУКА

Извор: prvaskopska.mk