Connect with us

Македонија

ВЛЕН: ДУИ и Јетон Шаќири го урнаа образованието

Партијата ВЛЕН остро реагираше по објавувањето на извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година, оценувајќи го како „директна обвинителна акта“ против ДУИ и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири.

Според ВЛЕН, извештајот јасно го открива коруптивното и криминално однесување во Министерството за образование. Во реакцијата се наведува дека се потрошени 3,4 милиони евра за студентски дом во Тетово кој не функционира, додека 18 милиони евра студентски кредити останале неплатени уште од 1998 година. Дополнително, 13 милиони евра за научни книги не се ниту дистрибуирани ниту евидентирани, туку оставени да скапуваат по магацини, а 2,9 милиони евра се доделени за студенти во странство без никаква стратегија за нивно враќање.

ВЛЕН нагласува дека станува збор за „систематска кражба и организиран криминал против образованието“, обвинувајќи ја ДУИ за уништување на иднината на младите генерации. Партијата потсетува и на другиот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за злоупотребите при организацијата на Самитот на ОБСЕ во Скопје, во време кога министер за надворешни работи бил Бујар Османи, како уште еден доказ за нетранспарентното управување со јавните пари.

„ВЛЕН бара итна истрага и кривична одговорност за сите кои злоупотребиле јавни средства. Никој не е над законот. Времето на крадење во образованието и институциите заврши“, стои во реакцијата на партијата.

Advertisement

Македонија

Ахмети: Јас ја уништив Југославија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на брифинг со новинарите испрати жестоки пораки до политичките опоненти, но и до „незадоволните“ во своите редови. Тој најави нови, ригорозни услови за влез во идна влада, вклучувајќи промена на начинот на избор на Влада и Уставни судии, а истовремено упати отворена закана доколку биде приморан да го активира „Планот Б“.

„Не сум претставник на мачки, туку на лавови“

Можеби најсината порака од брифингот беше неговото предупредување за тоа што би се случило доколку политичката ситуација не се развива според „Планот А“ (развој и напредок).

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, дециден беше Ахмети.

Во свој стил, тој се осврна на своето минато, тврдејќи дека никој во Македонија не го познава национализмот подобро од него.

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“, рече лидерот на интегративците.

Нови услови: Бадентер во Уставен и двојно мнозинство за Влада

Ахмети постави нови „црвени линии“ за идните коалицирања. Тој бара нов „Национален договор за развој“, но со конкретни системски измени:

  1. Избор на Влада: Да се воведе принцип на „двојно мнозинство“ (Бадентер) при изборот на владин кабинет.
  2. Уставен суд: Бадентеровиот принцип да се применува и при одлучувањето во Уставниот суд.

Според него, ова ќе биде услов за учество во какво било идно управување со државата. Тој додаде дека Охридскиот договор е компромисен и не е совршен, оставајќи простор за негова надградба.

„Кој сака нека си оди“

Во однос на внатрепартиските турбуленции по 5-тиот Конгрес, Ахмети покажа ноншалантност. Тврди дека незадоволството е сведено на „две-три лица“ кои останале без функции.

„Оние кои си одат затоа што немаат функции, нека си одат“, порача Ахмети, додавајќи дека Абдил Селам Селами веќе се извинил и останува лојален на партијата.

За Села, Тачи и бизнисмените

Ахмети ги коментираше и односите во „Европскиот фронт“:

  • За Мендух Тачи: Има договор и тоа не му штети на Фронтот.
  • За Зијадин Села: Ахмети смета дека Села се обидува да изгради сопствениот идентитет бидејќи се чувствува во сенка на ДУИ, но не верува во шпекулациите дека Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар.

Лидерот на ДУИ упати критики и кон стопанските комори, обвинувајќи ги дека „создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите“.

За напролет, ДУИ најави нов, тематски конгрес, на кој ќе се дефинира новата идеолошка матрица на партијата по консултациите со базата.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Македонија

Магливо утро, дожд најавен навечер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планинските предели дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг