Несреќа во МРТВ – жена тешко повредена при пад во лифт

Скопјанка на возраст од 52 години завршила со тешки телесни повреди откако паднала при влегување во лифт во зградата на Македонската радио телевизија на 3 септември околу 11:20 часот. Повредената веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

За инцидентот е известен трудов инспектор кој треба да ги утврди околностите на несреќата, соопшти МВР.